157
20 shares, 157 points

Продажбата на плагин-хибриди на германскиот пазар во септември продолжи со брзиот раст и забележа дури и нов рекорд, со 9.452 возила, што е двојно повеќе од истиот месец лани. Електричните возила постигнаа +150% во првите девет месеци, додека плагин-хибридите во истиот период напредуваа 51 проценти. Најпродаван во септември е Tesla Model 3, пред BMW i3 и плагин-хибридот Mitsubishi Outlander PHEV.

Tesla Model 3 во септември се врати на врвната позиција меѓу најпродаваните електрични автомобили на германскиот пазар, откако тоа претходно му успеа во јуни. Вкупно се продадоа 1.516 примероци од автомобилот на батерии од рангот на Mercedes C-Class и BMW од серијата 3. Тоа е најдобар резултат откако започна продажбата во март. Во меѓувреме, BMW i3 се избори за втората позиција, додека веднаш на третото место следи класичниот претплатник за врвните позиции, плагин-хибридниот Mitsubishi Outlander PHEV. Секако тоа значи дека јапонскиот СУВ беше најпродаван „хибрид со кабел“ на германскиот пазар во минатиот месец.

На подиумот овојпат не остана место за Renault Zoe, кој падна на чевртото место, со 634 примероци. Тоа е одличен резултат, ако се има предвид дека Французинот неодамна имаше моделско освежување, па бројни купувачи уште чекаат испорака. До крајот на годината може да се очекува моделот повторно да достигне четирицифрени бројки за продажбата. Zoe сепак мора добро да „притисне“, за да ја задржи титулата на бестселер.

Топ 5 Најпродавани електрични модели во Германија во септември

Марка и модел

Примероци

Tesla Model 3

1516

BMW i3

865

Mitsubishi Outlander PHEV

685

Renault Zoe

634

BMW 225xe

505

Во резултатите за деветте месеци од годинава, водечката тројка е мошне изедначена. Во преостанатите три месеци ќе се води неизвесна битка меѓу Renault Zoe и Tesla Model 3. Секако дека не треба да се исклучи можноста BMW i3 да се избори за угледната титула на најпродаван електромобил на најголемиот автомобилски пазар во Европа. BMW нема проблеми со продукцијата, така што може да испорачува како што ќе бара пазарот.

mitsubishi outlander phev istrazuvanje

Меѓу моделите што напредувале најмногу е Smart Fortwo EV на 6-то место, а интересно е појавувањето на BMW 530e на 10-то и Mercedes E 300 e/de на 11-то место, кои покажуваат дека работите се движат добро и во сегментот на луксузните лимузини. Nissan Leaf го постигна највисокиот пласман годинава, на 12-то место. Очигледно е дека пазарот реагира заинтересирано на верзијата со 62 kWh.

Во конкуренција на марки, убедливо владее BMW со 20% од пазарот, следат Tesla (12%) и Renault (11%). Четвртото место му припаѓа на Mitsubishi со 8 проценти, потоа се Volkswagen и Hyundai, со по 7 проценти пазарен удел.

Топ 20 Најпродавани електрични автомобили во Германија

(од јануари до септември 2019, батериски електрични и плагин-хибридни автомобили)

Топ 20 Најпродавани електрични автомобили во Германија
Топ 20 Најпродавани електрични автомобили во Германија

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
20 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *