за ,

Топ 10 најпродавани автомобилски марки во светот

toyota hilux најпродавани автомобилски марки

Производителите на автомобили повеќе сакаат да комунициираат со резултатите од продажбата на ниво на цел концерн, со сите марки што му припаѓаат на истиот. Но, кога продажбите ќе се сведат на ниво на марка, ситуацијата се менува. Некаде повеќе, некаде помалку. Ги објавуваме 10-те најпродавани автомобилски марки и 40-те што следат по нив.

Откако првиот месец од годината ќе премине во втората половина, производителите на автомобили почнуваат секојдневно бомбардираат со бројки од продажбата. Со титули исто така. Најголем производител на автомобили, најголем производител на премиум автомобили, најголем раст во продажбата… Неретко се случува два или повеќе автомобилски концерни или марки да спорат околу титулите, и сите се во право.

Обично, еден збор го менува значењето, но тој еден збор се избира итро, и сите се покажуваат како победници пред купувачите. Таков случај беше објавувањето на продажните резултати на Mercedes и BMW, традиционално најжестокиот дуел на пазарот. Прв објави Штутгарт: Mercedes е најпродавана премиум марка во светот. Потоа следеше Минхен, објавувајќи дека BMW е најголема автомобилска групација во премиум сегментот. Обете марки се „нај“, но разликата е во тоа што кај Mercedes се работи за продажба на ниво на марка, додека во бројките BMW влегуваат и продажбите на Mini. И малку од Rolls-Royce.

Според Карлос Гон, алијансата Renault-Nissan е најголем производител на автомобили во светот

Сега и шефот на Renault-Nissan, Карлос Гон, ги спори резултатите на концернот Volkswagen, односно броењето. Во продажните статистики на коишто се повикува германскиот концерн како најголем производител на автомобили во светот, влегуваат и продажбите на камионите и автобусите на Scania и MAN. Доколку статистиката ги исклучи овие сегменти, француско-јапонската алијанса е најголемиот производител на „лесни“ возила во светот.

Mercedes повторно ги натпродаде BMW и Audi

Renault и Dacia со историски рекорд од 3,8 милиони продадени возила

Toyota за една година продаде 2,5 милиони автомобили во САД

Топ 10 Најпродавани електрични автомобили во Европа

Вистинскиот сооднос на светската автомобилска сцена се покажува преку продажбата на ниво на марка. Во нашата табела на најпродавани автомобилски марки во светот ги прикажуваме само марките со продажба над еден милион. Во статистиката се опфатени патничките автомобили, теренските возила и лесните доставни возила од одредена марка. Марките со послаба продажба од еден милион се наведени по редослед под табелата.

Секое десетто продадено возило во светот го носи знакот на Toyota

Првото место на светската сцена неприкосновено припаѓа на Toyota, со повеќе од 8,7 милиони автомобили и лесни доставни возила. Предноста пред Volkswagen, како марка, не како концерн, изнесува близу два милиони возила. Со пазарно учество од преку 9 проценти, речиси едно од десет продадени возила во светот има знак на Toyota.

Ford е на третото место, со мал пад во продажбата во споредба со преклани, за потоа да следи Honda, којашто го презеде местото од Nissan. Растот во продажбата на Honda е речиси двојно поголем, со 8,2% наспроти 4,4 проценти. Hyundai е во длабок минус од точно 9,0 проценти. Тоа е најголемиот негативен тренд меѓу 20-те најпродавани марки во светот.

Слабо напредува и Opel, со пад во продажбата од близу 5%, а блиску е и Citroen, кој заостанува за само две позиции, на 26-то место. Најмногу напредувале кинеските марки Geely и Baojun, со раст од 56,7 и 32,7 проценти соодветно. Единствено Roewe има плус од близу 70%, но според продажбата, оваа исто така кинеска марка заостанува далеку зад конкурентите, со 400.000 продадени возила лани. Од марките што се повеќе популарни во Европа, мошне солидно напредуваат Renault и сестринската Dacia, обете со раст од преку 10 проценти, исто колку и Mercedes, високо на 10-то место. Peugeot има минимален раст од само еден процент.

Марка

Возила

Тренд

(%)

Пазарно

учество (%)

1

Toyota

8.713.629

+2,4

9,3

2

Volkswagen

6.832.840

+4,7

7,3

3

Ford

6.165.704

-1,2

6,6

4

Honda

5.162.598

+8,2

5,5

5

Nissan

5.142.398

+4,4

5,5

6

Hyundai

4.400.042

-9,0

4,7

7

Chevrolet

4.136.061

-0,1

4,4

8

Kia

2.816.802

-8,4

3,0

9

Renault

2.681.392

10,5

2,9

10

Mercedes

2.551.374

10,1

2,7

11

Peugeot

2.084.458

1,3

2,2

12

BMW

2.077.316

3,9

2,2

13

Audi

1.871.789

0,0

2,0

14

Fiat

1.646.695

7,9

1,8

15

Maruti

1.614.351

14,1

1,7

16

Mazda

1.569.037

2,1

1,7

17

Suzuki

1.534.653

8,0

1,6

18

Changan

1.468.144

1,9

1,6

19

Buick

1.463.871

-1,6

1,6

20

Jeep

1.444.626

-1,1

1,5

21

Geely

1.248.289

56,7

1,3

22

Skoda

1.193.477

3,9

1,3

23

Wuling

1.188.500

-13,2

1,3

24

Opel

1.107.813

-4,9

1,2

25

Subaru

1.079.048

+6,5

1,1

26

Citroen

1.049.504

-4,4

1,1

27

Mitsubishi

1.018.482

+2,8

1,1

28

Baojun

1.008.609

+32,7

1,1

Останати марки од 29-то до 50-то место: Dongfeng, Daihatsu, Haval, Ram, GMC, Lexus, Dacia, Dodge, Volvo, Baic, Chery, Saipa, Trumpchi, Seat, JAC, Land Rover, BYD, Isuzu, Roewe, Foton, Mini, Cadillac.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3D-печат

Германската индустрија бара експерти за 3D-печат

x-matik lanecruise

X-Matik го претвора секој автомобил во роботски автомобил