Деталноста со којашто германските статистичари ја водат продажбата на нови автомобили во земјата, направи објавите на оваа тема редовно да постигнуваат висока читаност. Дополнителна тежина на овие бројки дава и фактот што станува збор за најголемиот пазар на автомобили во Европа.
Точно 18 модели брои моментната понуда на класични лимузини во средната класа. Тоа е малку, зарем не би требало овој број да биде повисок? Ќе беше, доколку производителите уште ги имаа во понуда моделите како Citroen C5, Fiat Croma, Honda Accord, Mitsubishi Carisma, Nissan Primera или Subaru Legacy и уште многу имиња кои во меѓувреме исчезнале и од сеќавањата. Триделната каросериска форма во нејзината традиционална класа, во средната класа, почна да бледее на пазарот уште пред две децении, дури и пред да зафати „општо уништувачкиот“ СУВ-бран.
Peugeot 508 на германскиот пазар се продава во трипати помалку примероци отколку електричниот (и двојно поскап) Tesla Model 3
Некои производители продолжуваат да веруваат во своите лимузини, иако продажните бројки заостануваат далеку зад еуфоријата што се „одглумува“ во рекламите. Последен пример за тоа е Peugeot 508. Според продажбата на француската лимузина во првите два месеци од годинава во Германија, на најголемиот пазар за автомобили во Европа, нема причина за еуфорија. Peugeot 508 во јануари и февруари се продал во само 333 примероци и се наоѓа на 13-то место, со трипати послаба продажба дури и од електричната лимузина Tesla Model 3.
Купувачите не реагираат ниту на понудата на Hyundai во оваа класа, исто како и на моделите на Alfa Romeo или Jaguar во премиум сегментот. Различна е ситуацијата кај Toyota Avensis, којa моментно паузира од пазарот до пристигањето на новиот Camry. Тоа што уште ја држи јапонската лимузина во живот во оваа класа се имиџот и реномето.
Нема простор за експерименти: Возачите очекуваат докажано име и сигурност на изборот кај моделите во средната класа
Доказ дека купувачите на автомобил во оваа класа најмногу ги ценат токму имиџот и реномето, дава моделот што ја предводи продажбата во средната класа во Германија, Mercedes C-Class. Не е случајност тоа што Audi A4 и серијата 3 на BMW во чекор ја следат швабската лимузина – со вмешување на Passat и на неговата чешка варијанта, Superb. Opel, Ford и Mazda по традиција се држат добро, но за останатите постои сé помалку интерес меѓу германските возачи.
⇒ Топ листа на најпродавани лимузини во средната класа во Германија
(вклучувајќи и комби изведби, за јануари и февруари 2019)
1. Mercedes C-Class
продадени 10.992 примероци, од кои 4613 со дизел мотор, 2198 хибриди и 2323 со погон на сите тркала
2. Audi A4, S4, RS4
продадени 7565 примероци, од кои 5298 со дизел мотор, 2190 хибриди, 1181 со погон на сите тркала (не вклучувајќи го A5)
3. Volkswagen Passat
продадени 6615 примероци, од кои 5212 со дизел мотор, 23 хибриди, 941 со погон на сите тркала
4. BMW серија 3
продадени 4635 примероци, од кои 3316 со дизел мотор, 1422 со погон на сите тркала
5. Opel Insignia
продадени 2988 примероци, од кои 2185 со дизел мотор, 324 со погон на сите тркала
6. Skoda Superb
продадени 2930 примероци, од кои 2552 со дизел мотор, 820 со погон на сите тркала
7. Ford Mondeo
продадени 2679 примероци, од кои 1326 со дизел мотор, 35 хибриди, 66 со погон на сите тркала
8. Mazda 6
продадени 1158 примероци, од кои 402 со дизел мотор, 43 со погон на сите тркала
9. Tesla Model 3
продадени 961 примероци, 959 со погон на сите тркала
10. Volvo S/V60
продадени 904 примероци, од кои 636 со дизел мотор, 11 хибриди, 250 со погон на сите тркала
11. Citroen C5
продадени 699 примероци (само комби е во понуда), од кои 239 со дизел мотор
12. Renault Talisman
продадени 570 примероци, од кои 129 со дизел мотор
13. Peugeot 508
продадени 333 примероци, од кои 197 со дизел мотор
14. Kia Optima
продадени 231 примероци, од кои 43 со дизел мотор, 66 хибриди
15. Alfa Romeo Giulia
продадени 174 примероци, од кои 35 со дизел мотор, 72 со погон на сите тркала
16. Jaguar XE
продадени 137 примероци, од кои 81 со дизел мотор, 27 со погон на сите тркала
17. Hyundai i40
продадени 93 примероци, од кои 27 со дизел мотор
18. Lexus IS
продадени 38 примероци, од кои 35 хибриди
Топ 20 Најпродавани СУВ-модели од компакт класата во Германија