за

Tesla Model 3 на праг на европскиот Топ 10 во септември

tesla model 3

Само неколку стотини примероци недостигаа за Tesla Model 3 да се најде меѓу десетте најпродавани модели на европскиот пазар во септември. Вкупната продажба повторно расте, по хаосот во овој период лани, со воведувањето на нормата WLTP.

Европскиот пазар забележа значителен раст во септември, со 1,28 милион нови регистрирани автомобили. Тоа беше сосем очекуван исход, откако пазарот во септември лани имаше пад од 23%, поради воведувањето на нормата WLTP и проблемите што тоа им ги донесе на производителите.

Заедничките бројки од продажбата во август и септември, годинава и лани, исто така потврдуваат дека пазарот напредува. Од 2,29 милиони автомобили продадени во двата месеци лани, бројката за годинава изнесува 2,35 милиони, а тоа претставува зголемување од 2,6 проценти.

Европскиот пазар во септември порасна за 14,4%, Tesla Model 3 постигна  најголем пробив; Гледано од почетокот на годината, продажбата сепак е во благ минус од 1,6%
New item by Automedia MK / Google Photos

Гледано по земји, податоците покажуваат дека 14 европски пазари постигнале раст во двата летни месеци (најмногу Германија +9.1% и Италија +6.5%). Шпанскиот пазар имаше раст од дури 19% во септември, но тоа е недоволно да се надомести големиот пад од 30% во август.

Последните продажни бројки покажуваат дека европскиот пазар се држи здраво, иако уште се соочува со многу предизвици. Големи осцилации има во продажбата на СУВ-моделите. Во септември, тие учествувале со 39% во вкупната продажба, што е за приближно една четвртина повеќе отколку во автуст. Во споредба со септември 2017, пак, годинава продажбата на СУВ-модели е зголемена за 10 проценти. Тоа докажува дека оваа популарна категорија возила веќе долго време придонесува за растот на целиот автомобилски пазар во Европа.

Преглед на одделните пазари по земји, подредено според продажниот тренд во споредба со лани
New item by Automedia MK / Google Photos

Од популарноста на СУВ-моделите најмногу профитира групацијата Volkswagen. Од третото место во септември лани, германскиот концерн годинава изби на првото место, со повеќе од двојно зголемена продажба и вкупно 102.400 автомобили од овој сегмент. СУВ-моделите учествуваат со 40 проценти во вкупната продажба на групацијата од Волфсбург.

СУВ-моделите убедливо доминираат, четири од секои десет продадени автомобили се од оваа категорија
New item by Automedia MK / Google Photos

Сите 17 модели на концернот Volkswagen од овој сегмент, што биле достапни во септември лани, постигнале зголемена продажба во овој септември. Шесте нови модели што пристигнаа во последните 12 месеци, учествуваат со 17% во вкупната СУВ-продажба на групацијата. Растат и останатите големи играчи на европскиот пазар. Renault-Nissan, Hyundai-Kia и групацијата BMW (BMW, Mini и др.) постигнаа двоцифрен пораст во септември.

Првпат во историјата, електричен автомобил се пласира на праг на европскиот Топ 10 на најпродавани автомобили; Tesla Model 3 во септември се најде на 11-то место

Минатиот месец беше мошне динамичен и за (батериските) електрични возила, кои постигнаа раст од 119% и вкупно 40.700 продадени примероци. Заслугата за тоа најмногу им припаѓа на Tesla, BMW и Volkswagen. Калифорнискиот специјалист постигна 19.500 продажби на Tesla Model 3, што е близу до половина од целиот пазар. Електричната спортска лимузина од средната класа беше најпродаван автомобил на струја и 11-ти најпродаван модел на целиот пазар во септември.

Топ 25 најпродавани марки и модели во септември 2019
New item by Automedia MK / Google Photos

Во исто време растат и продажбите на хибридните и плагин-хибридните модели, кои во септември соодветно постигнаа +26%, односно 27 проценти. Вообичаено, списокот на најпродаваните модели во категориите на хибридни, плагин-хибридни и електрични автомобили, како и соодносот во продажбата меѓу бензин, дизел и алтернативни горива ќе го објавиме посебно.

Од новите модели, Toyota Corolla продолжува да напредува и во септември се најде на 19-то место, солидна позиција има и Volkswagen T-Cross како 5-ти најпродаван СУВ во класата на градските автомобили, Skoda Scala (4.318 продадени примероци), Lexus UX (2.187 примероци) и Mazda CX-30 со 2.143 продажби во септември.

Дизелот спадна на 31%, електричните со двојно зголемување

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕУ ќе ја казнува Франција поради загадениот воздух

General Motors: Заврши најдолгиот штрајк во последните 50 години

General Motors: Заврши најдолгиот штрајк во последните 50 години