161
21 shares, 161 points

Големи изненадувања во продажните бројки од европскиот пазар за мај. Golf и Clio се класична глетка на врвот на табелата, но не и Dacia Sandero, којашто е веднаш зад нив. Toyota Corolla продолжува да граби напред и има постигнато најголем раст во продажбата во споредба со ланскиот мај. Volkswagen T-Roc го престигна Peugeot 3008, додека Mercedes A-Class во меѓувреме постигнува продажба исто колку Nissan Qashqai.

Европскиот пазар втор месец бележи стабилна продажба, што може да биде знак дека се надмина кризата настаната по воведувањето на новата норма за потрошувачка WLTP. Во мај на 27-те најголеми пазари во Европа се продале 1,04 милион возила (+0,2%).

Топ 25 Најпродавани модели во Европа во мај 2019

Поз.

Модел

Примероци

Тренд во %

1

Golf

35.972

-11,8

2

Clio

32.803

+3,2

3

Sandero

22.234

+3,3

4

Octavia

22.183

+11,8

5

500

22.114

+14,9

6

Polo

21.189

-24,8

7

Fiesta

20.658

-8,5

8

Focus

20.600

-3,4

9

Duster

20.542

21,6

10

208

20.430

2,0

11

Corsa

20.013

2,3

12

C3

19.414

6,3

13

Tiguan

19.165

-13,7

14

T-Roc

19.076

38,4

15

Captur

18.500

-11,2

16

3008

18.262

-5,3

17

Panda

18.207

-0,3

18

Yaris

17.892

5,7

19

Qashqai

17.632

-10,3

20

A-Class

17.306

48,4

21

2008

16.049

2,7

22

C-Class

14.553

12,0

23

Fabia

14.265

-6,5

24

Leon

13.908

-7,3

25

Passat

13.515

-12,8

Продажбите процентуално се зголемиле најмногу кај Toyota Corolla, Volkswagen T-Cross, Toyota RAV4 и Mercedes A-Class. Од моделите што не се во Топ 25, во мај напредуваше и продажбата на Audi Q3, BMW серија 1, Opel Grandland, Hyundai Kona и Audi A6.

Бројките на некои од најсвежите модели на пазарот за месец мај:

  • Volkswagen T-Cross, 425 примероци
  • Seat Tarraco, 3.349 примероци
  • Tesla Model 3, во 2.820 примероци
  • Skoda Scala, 2.647 примероци
  • Lexus UX, 2.323 примероци
  • Volkswagen Touareg, 2.100 примероци
  • Opel Combo, 1.915 примероци


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
21 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *