144
36 shares, 144 points

Автомобил со погон на струја уште се нема појавено меѓу најпродаваните модели на европскиот пазар, исто како и на останатите, но затоа има промени кај моделското име на најпродаваниот СУВ. Добро напредува и новиот Ford Focus, a Mercedes A-Class се продава исто колку Peugeot 308. Dacia има дури два модела во Топ 25.

Готова е официјалната статистика за продажбата на нови автомобили на европскиот пазар за февруари. Промени на врвот нема, позицијата на Golf веќе одамна е зацементирана таму. Доколку новиот Renault Clio го продолжи трендот на сé уште актуелниот модел, можно е да се случи рокада. Но, замената на позициите на Golf и Clio би се случила само на кусо, затоа што и германскиот компакт треба наскоро да се појави во новата генерација, што секако дека ќе донесе нов скок во продажбата.

Кога Renault Clio ќе стане повеќе посакуван избор од Megane

Од тоа што се забележува веднаш, мошне добро се пробива новиот Ford Focus, што не би требало да е изненадување, меѓу другото и покрај неколкуте титули на автомобил на годината. Веднаш зад него е моделот за когошто се знае дека ќе напредува и натаму, но не се знае дали и до самиот врв. T-Roc, кој може да се нарече и „голф“ меѓу СУВ и кросовер моделите, има пораст од 140% во продажбата, со близу 18.000 примероци и со сигурно 7-мо место, пред Fiesta. Тоа му ја донесе позицијата на најпродаван СУВ на T-Roc, кој во меѓувреме пристигна на тест во Аутомедиа.

Модели од премиум марки меѓу 25-те најпродавани: Mercedes A-Class и Audi A3

Peugeot 3008 SUV веќе почнува да го губи еланот и падна на 18-то место, со продажба смалена за 5 проценти. Воведувањето на новите и подостапни моделски изведби од Mercedes A-Class исто така покажува ефект. Премиум компактот со сребрената ѕвезда е 22-ри најпродаван модел на европскиот пазар, со зголемување од 30 проценти.

Тест: Toyota Corolla 1.2 Turbo Executive

Електричните автомобили уште не се на Топ 25, но хибридите да. Toyota C-HR е на 25-то место. Речиси целата продажба на популарниот кросовер отпаѓа на верзијата со две срца. Во следните месеци може да се очекува на списокот да се појави и новата Corolla.

Топ 25 Најпродавани модели во Европа (ЕУ-27) во февуари 2019

#
Марка и модел
Примероци
Тренд

1

VOLKSWAGEN GOLF

31759

-14%

2

RENAULT CLIO

26052

+5%

3

VOLKSWAGEN POLO

22610

+17%

4

CITROEN C3

19788

+6%

5

PEUGEOT 208

18462

-2%

6

FORD FOCUS

18628

+23%

7

VOLKSWAGEN T-ROC

17792

+140%

8

FORD FIESTA

17170

-13%

9

OPEL CORSA

17109

+13%

10

VOLKSWAGEN TIGUAN

16880

+3%

11

SKODA OCTAVIA

16701

-8%

12

DACIA DUSTER

16183

+8%

13

NISSAN QASHQAI

16107

-17%

14

FIAT PANDA

16100

+21%

15

TOYOTA YARIS

16086

+1%

16

DACIA SANDERO

16020

+1%

17

RENAULT CAPTUR

15832

+10%

18

PEUGEOT 3008 SUV

15514

-5%

19

PEUGEOT 2008

13974

-5%

20

SKODA FABIA

13481

-6%

21

PEUGEOT 208

13148

+9%

22

MERCEDES A-CLASS

12185

+30%

23

FIAT 500

11570

-23%

24

AUDI A3

11550

+9%

25

TOYOTA C-HR

10846

+24%


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
36 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *