170
36 shares, 170 points

Продажните статистики на Германците им се исти како автомобилите. Солидно и прецизно изработени, доверливи и вредни. Во хронично отсуство на каква било официјална, или барем веродостојна статистика за продажбата на автомобили на македонскиот пазар, повторно фрламе поглед во германските продажни статистики. Конкретно, сегментот на компактни СУВ модели.

Во првиот месец од 2019 година, во Германија се продале вкупно 54.093 модели од СУВ сегментот. Тоа е една петина, или точно 20,4 проценти од вкупната продажба на возила. Во споредба со ланскиот јануари, забележан е пораст од 16,1 проценти. Уште еден вреден податок со којшто располагаат поголемите европски пазари: Дури 55,9 проценти од продадените возила се регистрирани на име на фирма – вклучувајќи возила на лизинг и други форми на финансирање.

Најпродаван СУВ-модел во компакт класата е Volkswagen T-Roc, со 4.651 продаден примерок или удел во сементот од 8,6 проценти. Продажбата пораснала за дури 243,2 проценти во споредба со јанаури 2018. Од вкупно регистрираните нови возила, 41,6 проценти се службени.

Необично сознание: Peugeot 3008 воопшто не спаѓа во СУВ-сегментот според германската агенција за моторен сообраќај, туку е миниван, исто како Renault Scenic или Ford C-Max
New photo by Automedia MK / Google Photos

Втор е Ford Kuga, трет во класата е BMW X1, пред Audi Q2 и Skodas Karoq. Необично е тоа што Peugeot 3008, според Сојузната агенција за моторен сообраќај, не спаѓа во СУВ-сегментот, туку се води како миниван, заедно со Renault Scenic и Ford C-Max. Во секој случај, неговата продажба на германскиот пазар во јануари достигнала 1.018 примероци. Тоа е воедно и единствената забелешка во врска со германските продажни статистики. Затоа, следи Топ 20 на најпродавани СУВ-модели од компактната класа на германскиот пазар, за месец јануари.

Три модели со најголемо зголемување во продажбата се Volkswagen T-Roc, Subaru XV и Skoda Karoq, додека најголем пад во продажбата имале Mitsubishi ASX, Nissan Qashqai и Mazda CX-5

Одбројување до најпродаваниот СУВ-модел во јануари

20-то место · SUZUKI SX4

  • Продадени примероци во јануари 446
  • Удел во сегмент 0,8%
  • Продажен тренд: +85,1%

19-то место · MITSUBISHI ASX

  • Продадени примероци во јануари 478
  • Удел во сегмент 0,9%
  • Продажен тренд: -31,6%

18-то место · SUBARU XV

  • Продадени примероци во јануари 481
  • Удел во сегмент 0,9%
  • Продажен тренд: +102,1%

17-то место · BMW X2

  • Продадени примероци во јануари 853
  • Удел во сегмент 1,6%
  • Продажен тренд: X

16-то место · MITSUBISHI ECLIPSE CROSS

  • Продадени примероци во јануари 886
  • Удел во сегмент 1,6%
  • Продажен тренд: -8,7%

15то место · RENAULT KADJAR

  • Продадени примероци во јануари 983
  • Удел во сегмент 1,8%
  • Продажен тренд: -3,2%

14-то место · KIA SPORTAGE

  • Продадени примероци во јануари 1.011
  • Удел во сегмент 1,9%
  • Продажен тренд: +8,8%

13-то место · OPEL GRANDLAND X

  • Продадени примероци во јануари 1.424
  • Удел во сегмент 2,6%
  • Продажен тренд: +23,9%

12-то место · MERCEDES GLA

  • Продадени примероци во јануари 1.476
  • Удел во сегмент 2,7%
  • Продажен тренд: +7,8%

11-то место · NISSAN QASHQAI

  • Продадени примероци во јануари 1.605
  • Удел во сегмент 3,0%
  • Продажен тренд: –28,9%

10-то место · MAZDA CX-5

  • Продадени примероци во јануари 1.637
  • Удел во сегмент 3,0%
  • Продажен тренд: –24,7%

9-то место · HYUNDAI TUCSON

  • Продадени примероци во јануари 1.638
  • Удел во сегмент 3,0%
  • Продажен тренд: -7,0%

8-мо место · TOYOTA C-HR

  • Продадени примероци во јануари 1.684
  • Удел во сегмент 3,1%
  • Продажен тренд: +36,6%

7-мо место · DACIA DUSTER

  • Продадени примероци во јануари 1.888
  • Удел во сегмент 3,5%
  • Продажен тренд: +18,9%

6-то место · SEAT ATECA

  • Продадени примероци во јануари 1.938
  • Удел во сегмент 3,6%
  • Продажен тренд: +32,1%

5-то место · SKODA KAROQ

  • Продадени примероци во јануари 2.083
  • Удел во сегмент 3,9%
  • Продажен тренд: +101,5%

4-то место · AUDI Q2

  • Продадени примероци во јануари 2.160
  • Удел во сегмент 4,0%
  • Продажен тренд: +27,4%

3-то место · BMW X1

  • Продадени примероци во јануари 2.287
  • Удел во сегмент 4,2%
  • Продажен тренд: -7,6%

2-ро место · FORD KUGA

  • Продадени примероци во јануари 2.625
  • Удел во сегмент 4,9%
  • Продажен тренд: -22,7%

1-во место · VOLKSWAGEN T-ROC

  • Продадени примероци во јануари 4.651
  • Удел во сегмент 8,6%
  • Продажен тренд: +243,2%

Топ 5 Најдобар избор на СУВ-модели во компакт класата

Mazda CX-4 е новиот јапонски СУВ со техника од „тројката“

Volkswagen T-Roc со најголем пораст во продажбата лани

Mercedes-AMG GLC 63 извозе најбрз СУВ-круг на Нирбургринг


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

170
36 shares, 170 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format