за

Британски What Car со список на најиздржливи и најрасипливи модели

Toyota Yaris, најиздржливи автомобили, What Car

Toyota Yaris е најдобар избор како користен автомобил, а серијата 1 на BMW е најчувствителна на дефекти. Тоа се двете крајности во истражувањето меѓу 18.000 возачки и возачи во Велика Британија, за автомобили стари меѓу четири и десет години.

Според последното истражување на британскиот магазин What Car, најиздржлив модел на пазарот на користени автомобили е Toyota Yaris, додека најмногу проблеми може да се очекуваат при избор на модел од серијата 1 на BMW.

Во истражувањето беа опфатени повеќе од 18.000 возачки и возачи на автомобили стари меѓу четири и 10 години. Тие имаа едноставна, но благородна задача, да оценат колку имале проблеми со нивниот автомобил во минатата година, да го наведат видот на проблемите, како и да наведат дали проблемот бил отстранет во рамките на гаранцијата.

Само девет проценти од сопствениците на Yaris имале некаква неисправност на возилото

Јапонските марки доминираат во Топ 10 на најиздржливи автомобили, со седум од десет места. Toyota Yaris е оценета како најиздржлив модел од „втора рака“, со индекс на издржливост 99,1. Само девет проценти од сопствениците на Yaris пријавиле дефект на возилото во истражувањето на What Car. Главно станува збор за мали проблеми со електриката. Второто и третото место им припаѓа на Lexus CT и Audi Q3.

На спротивниот крај на анкетата за издржливоста се најде претходната генерација на серијата 1 на BMW, со индекс 40.1. Близу две третини од сопствениците на компактниот BMW пријавиле дефект, обично со акумулаторот или со моторот. Поправките чинеле до 1.500 фунти. Веднаш до баварскиот компакт се Ford Kuga и Nissan Qashqai.

Генерално за сите марки и модели, близу една третина од сопствениците имале проблем со возилото, при што најчесто се работи за водењето на тркалата, односно суспензијата. Повеќе од 20% од сопствениците наведуваат дека производителот прифатил да го отстрани дефектот во гарантниот рок. Лани околу осум милиони користени автомобили во Велика Британија го смениле сопственикот.

Топ 10 Најиздржливи користени автомобили

  • Toyota Yaris (2011 – денес) · 99.1%
  • Lexus CT (2011 – денес) · 98.8%
  • Audi Q3 diesel (2011 – 2018) · 96.5%
  • Mitsubishi ASX (2010 – денес) · 96.3%
  • Seat Leon (2013 – денес) · 95.9%
  • Lexus RX (2009 – 2016) · 95.4%
  • Honda Civic diesel (2012 – 2017) · 95.0%
  • Honda CR-V (2012 – 2018) · 94.6%
  • Honda Jazz (2008 – 2015) · 94.2%
  • Volkswagen Touareg (2010 – 2018) · 94.1%

Топ 10 Најрасипливи користени автомобили

  • BMW серија 1 (2004 – 2011) · 40.1%
  • Ford Kuga (2008 – 2012) · 44.2%
  • Nissan Qashqai (2007 – 2013) · 55.4%
  • Vauxhall/Opel Astra (2004 – 2009) · 58.3%
  • Vauxhall/Opel Insignia (2008 – 2017) · 58.3%
  • Ford Focus (2004 – 2010) · 59.0%
  • Volkswagen Passat diesel (2005 – 2015) · 59.9%
  • Land Rover Discovery (2004 – 2017) · 60.3%
  • BMW serija 5 (2003 – 2010) · 60.8%
  • Renault Clio (2005 – 2012) · 62.6%

Mitsubishi со најмалку проблеми кај германските возачи, Fiat и Mini последни

Извештај на ТУВ: Најиздржливи и најрасипливи модели меѓу 6 и 7 години

Извештај на ТУВ: Најиздржливи и најрасипливи модели меѓу 4 и 5 години

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Grandland X со три „мотори“ и 300 КС

Dräxlmaier произведува батерии за Porsche Taycan во Заксенхајм