181
23 shares, 181 points

Toyota лани постигнала рекордна продажба. Зголемувањето во бројот на продадени возила во споредба со преклани сепак не беше доволно за Volkswagen да се потисне од врвот.

Јапонскиот производител Toyota лани бил втор најголем производител на автомобили во светот зад ривалот Volkswagen. Водечката автомобилска компанија од Јапонија, на којашто ѝ припаѓаат уште производителот на малечки автомобили Daihatsu и марката товарни возила Hino Motors, лани продала 10,78 милиони возила. Тоа е рекорд за Toyota и главно е постигнат благодарение на зголемената продажба на пазар тво Северна Америка.

Продажбата на Toyota пораснала за 1,4 процент во споредба со преклани. Деловната година за Јапонците трае до 31-ви март, кога ќе бидат објавени и финансиските биланси на компанијата.

Volkswagen четврта година во низа ја освојува круната на најголем производител на возила во светот, со рекордна продажба од 10,97 милиони возила лани.

Алијансата во којашто припаѓаат Renault, Nissan и Mitsubishi, лани продала 10,2 милиони автомобили, што е за 5,6 проценти помалку отколку во 2018 година. Скандалот со поранешниот шеф Карлос Гон и шпекулациите за прекинување на соработката меѓу Renault и Nissan оставија силен белег врз имиџот, но и врз пазарните резултати на алијансата.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

181
23 shares, 181 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *