за

Ова се шампионите на супертестот на 100.000 km на Auto Bild

супертестот ауто билд
Foto: Auto Bild

На супертестот на 100.000 километри на Auto Bild се покажуваат вистинските квалитети на автомобилите, оние што стануваат видливи по подолга експлоатација. Германскиот магазин ја објави ранг листата на моделите што се покажале во најдобро светло на оваа маратонска трка за механиката, квалитетот на изработка и за концепцијата на секој автомобил. Некои не се покажале.

Стара е мудроста дека најдобар автомобил е нов автомобил. Но, оттука не може да се извлече заклучокот дека сите стари автомобили се лоши. Некои се подобри, многу подобри од останатите врз коишто експлоатацијата оставила длабоки траги. За разлика од тоа што денес сé почесто се објавува под етикетата тест и не е различно од „ние се сликавме на неколку места со најдобриот автомобил на светот“, супертестот е многу посериозен потфат.

Германскиот магазин Auto Bild е специјалистот (и) за кралската категорија на автомобилскиот тест, за супертестот на 100.000 километри. Таму се покажува кои автомобили се подобри од останатите, кога механиката, квалитетот, конструкцијата, целата концепција на автомобилот, ќе се изложат на секојдневните оптоварувања во подолг период.

Актуелните модели минуваат една и пол до две години на супертестот од 100.000 километри на Auto Bild. Тест-возачите го пријавуваат секој проблем и секој дефект, за нивните забелешки на крајот да бидат вклучени во крајната оцена. Откако ќе се извози стандардната стотка, секој автомобил се расклопува и состојбата на деловите се оценува од страна на експерти.

На ранг-листата на германскиот магазин се наоѓаат повеќе од 40 модели коишто го минале супертестот по 2014 година

Автомобилите не се поштедуваат за време на тестот, почнувајќи од возење во градски метеж, преку стресови со возење под полна гас на аутобанот, до влечење приколка по Алпите. Но, стресното секојдневие е само едната страна на супертестот. По комплетното расклопување се врши најтемелна процена на секоја компонента. Се мерат цилиндерските кошулки, со помош на ендоскоп се пристапува до најсокриените подрачја во каросеријата заради проверка на траги од корозија. Тука се решаваат победниците и губитниците на супертестот.

Ранг листа на најдобрите автомобили на супертестот на 100.000 километри на Auto Bild

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Место 43: Subaru XV 2.0D Exclusive

Неочекувани проблеми за Subaru: Прерано истрошена спојка, два стопени клипа, корозија на делови од подвозјето, пропусти во возачкото седиште и лабави облоги, кои предизвикуваат здодевни звуци.

Минус-бодови: 44

оцена 4-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 42: Audi Q3 2.0 TDI Quattro

По 27.077 километри, моторот повеќепати вклучува помошна програма – поради дефектна ламбда сонда. На 51.935 километри има дефект во ладилникот од рециркулацијата на издувните гасови. Заменети се ксенонските светилки на обете светла, а на крај следи и замена на менувачот.

Минус-бодови: 42

Оцена: 4-

[/tie_slide] 

[tie_slide]

Место 41: BMW 218i Active Tourer

На 36.331 километри, сервисот открива дефектно лежиште на коленастото вратило. Од април 2015 се вградува посилно лежиште. Автомобилот добива заменски мотор по девет месеци, но и тој не работи беспрекорно. Трицилиндарецот двапати се вклучува во помошна програма по старт. По завршетокот на тестот: Премалку разладно средство во клима уредот, влажно црево за воздух за интеркулерот и преголема истршеност на потисната плоча на спојката. Според BMW, таа морало да се смени при замената на моторот. За корозијата во една од задните врати и во амортизерите на задниот капак, BMW тврди дека е само површинска.

Минус-бодови: 39

Оцена: 4

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 40: Chevrolet Orlando LT + 2.0 TD

Автоматикот работи прегрубо, климатизацијата грее недоволно, светлата се слаби. Chevy двапати мора да го посети сервисот непланирано. На 50.000 километри следи замена на скинатата манжетна на погонската оска. На 71.000 километри не се отвора задниот капак, поради дефект на прекинувачот. При расклопувањето се покажува дека шестстепениот автоматик е многу истрошен.

Минус-бодови: 35

Оцена: 4+

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 39: VW Golf 1.4 TSI Comfortline

Дванаесет минус-бодови по 100.000 километри (дефект на автоматско затворање на прозорци, на дисплеј и на старт-стоп систем, протекување вода на подот). Тестот не завршува на 100.000 километри, Golf продолжува. На 200.000 километри се појавуваат следните дефекти: Обете сирени не работат, предните амортизери протекуваат, капакот на резервоарот се заглавува, дефект на двојната спојка. На техничкиот преглед се забележуваат траги од масло на моторот и менувачот. Причината за тоа е дефектен семеринг, веројатно како последица од замената на спојката.

Минус-бодови по 200.000 километри: 32

Оцена: 3-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 38: Ford Grand C-Max 2.0 TDCi Titanium

Тест-возилото има проблеми со електрониката, што не е исклучок кај Ford. Навигацијата останува без слика, а кородиран приклучок испраќа погрешни импулси до контролната електроника за турбополначот. При демонтажата се забележува дека блокот на моторот е многу кородиран. Ford требало да инвестира повеќе во пристоен заштитен лак.

Минус-бодови: 30.

Оцена: 3-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 35: Seat Leon 1.6 TDI Style

При 80.972 километри се слуша чкрипење од менувачот и степените се менуваат лошо. При расклопувањето се покажува дека заостанат материјал во лежиштето го пукнал прстенот, предизвикувајќи оштетувања на менувачот. Се работи за исклучок. Без овој дефект, Leon ќе добиеше оцена 1. Заштитата од корозија е во ред. Почетната корозија на носачите и на главите на тркалата го расипува добриот впечаток.

Минус-бодови: 29

Оцена: 3-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 35: Renault Clio Grandtour TCe 90 Luxe

SD-картата за навигацијата не се влежиштува уште од почетокот, а потоа откажува и целиот мутимедиски систем. Крајната оцена ја уништува дефектното тркалачко лежиште во менувачот. Освен менувачот и чувствителната електроника, пречат и едноставните материјали. Квалитетот мора да се подобри.

Минус-бодови: 29

Оцена: 3-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 35: Kia Carens 1.7 CDTi Spirit

При вообичаениот тест на 100.000 километри, Carens доби само 3+, поради дефект на паркинг сензорите и на лежиштето на едно од тркалата. Бидејќи Корејците даваат долга гаранција, тестот продолжува до ветените 150.000 километри. При расклопувањето се покажува неочекуван проблем: Корозија во отворот на багажникот, за којашто производителот тврди дека е само површинска. Но, читател на Auto Bild исто така се жали на корозија. Техниката на Carens генерално е издржлива. Ванот сепак има повеќе дефекти од останатите модели на Kia на супертест, вклучувајќи и дефекти што не ги покрива гаранцијата.

Минус-бодови: 29

Оцена: 3-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 34: Ford Mondeo Turnier 1.5 EcoBoost Titanium

Mondeo е последниот автомобил што го мина супертестот на Auto Bild. Магазинот заклучува: Подвозјето изгуби, ракувањето не доби. Доколку во интеркулерот не се најдеше лабава завртка, просторното комби ќе добиеше оцена 2.

Минус-бодови: 27

Оцена: 3

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 33: Ford Kuga 2.0 TDCi 4×4 Titanium

Тука има значајни дефекти, кои можело да се избегнат: Дефектни мотори на бришачите при 39.042 километри (исклучок според Ford) и пукнато куќиште на менувачот по 50.100 километри. Ford вовел подобрувања во производството во октомври 2014, кои довеле до надминување на обие проблеми. При демонтажата се покажуваат и дебели талози во вшмукувачките канали, поради што и моќноста на моторот е намалена пред завршетокот на супертестот.

Минус-бодови: 25

Оцена: 3

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 32: Volkswagen Up 1.0 White Up

Up има лош старт на супертестот. Поради лошо монтирана заптивка во челниот ѕид, во кабината протекува кондензираната вода од клима уредот. Други дефекти: Замена на компресорот на климата на 75.000 километри и заштитен панел кој мора двапати да се прицврстува одново. Квалитетот разочарува, но би требало да е значајно подобрен по фејслифтот во октомври 2014.

Минус-бодови: 22

Оцена: 3+

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 30: Opel Meriva 1.7 CDTI Color Edition

Моторот и менувачот се како нови по завршувањето на тестот. Крајниот биланс го расипуваат неколку ситни дефекти. Минус-бодовите се собираат поради проблемите со електриката, од типот на дефект на прекинувачот за сопирачко светло или прегорени жаречки светилки. На крајот мора да се замени и електричната брава на задниот капак, којашто одненадеж откажува.

Минус-бодови: 21

Оцена: 3+

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 30: Mini Cooper SD Countryman

За таа цена се очекува многу повеќе. Разочарува тврдото подвозје, се слуша тропање и гмечење. Издржливоста во целина не е лоша. Резултатот ќе беше подобар доколку монтерите не штеделе на течност за сопирачки и доколку не се скршиле држачите за чаша.

Минус-бодови: 21

Оцена: 3+

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 29: Opel Zafira Tourer 2.0 CDTI Innovation

Дефект на амортизерите против вибрации на задната оска, откажување на клима уредот и неколку поситни пропусти, како тресење на средишната конзола.

Минус-бодови: 20

Оцена: 2-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 28: Mercedes B200 CDI

Чувствителната електроника често прави проблеми. Нема дефекти, но има слабости, како што е автоматскиот менувач кој се колеба при поаѓање или заштитен панел кој се тресе. B-Class е издржлив, но не ги исполнува високите очекувања. За таа цена, Mercedes мора да вози комфорно и суверено, дури и ако не е E-Class, оценува германскиот магазин.

Минус-бодови: 18

Оцена: 2-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 26: Kia Rio 1.4 CVVT Edition7

Монтажата можело да биде повнимателна во некои детали. Шарките на хаубата не се подмачкани, од компресорот протекува разладно средство и отежнато е притискањето на спојката. Пред крајот на тестот се забележува почетна корозија во издувот. Посета на сервис при 89.775 километри поради откажување на предните светла.

Минус-бодови: 17

Оцена: 2-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 26: Hyundai i40 Kombi blue 1.7 CRDI Style

При 79.000 километри откажува еден од предните паркинг сензори, а 6.000 километри подоцна откажува и ЦДплеерот, поради што мора да се замени целата аудио-навигациска единица. Освен сокриеното кородирано место во задниот капак и напукнатата кожа на воланот, нема траги од стареење.

Минус-бодови: 17

Оцена: 2-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 24: Volvo V60 D2 DRIVe Ocean Race

Volvo е на добар пат, кога по 100.000 километри се појавува само чкрипење на рачката на вратата, кога кожата е нечепната и автомобилот сé уште изгледа како нов. Единствениот дефект е во инфо-забавниот систем.

Минус-бодови: 15

Оцена: 2

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 24: Nissan Qashqai 1.6 dCi 4×4 Acenta Connect

Погонот не го издржа супертестот без дефект. При 30.512 километри се појавува масло на заптивката на картерот, за потоа да следи замена на семерингот при 63.109 километри. Пропустите во изолацијата, подвозјето и системите за асистенција спречуваат повисок пласман.

Минус-бодови: 15

Оцена: 2

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 23: BMW 320d xDrive GT Luxury Line

Централниот дисплеј пријавил дека задната камера не работи, иако тоа не било случај. Проблемот бил во софтверската грешка. На 53.200 километри, моторот почнува да трокира при половина гас. По замената на контролната единица за менувачот се губи проблемот. По расклопувањето се покажува мала пукнатина во еден од клиповите. Проблемот со звуците од задната оска кои се слушаат пред завршетокот на тестот е надминат со малку маст, но како што наведува Auto Bild, порано немало таква потреба.

Минус-бодови: 14

Оцена: 2

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 22: Toyota Yaris 1.5 Hybrid Life

Yaris минува 100.000 километри без дефект, сé функционира совршено, како што е вообичаено кај Toyota. Потреба од непланирана посета на сервис има само еднаш, поради разлабавен прекинувач за безбедносните трепкачи. На неколку сокриени места има ситни точки од корозија.

Минус-бодови: 13

Оцена: 2

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 18: Mazda6 Kombi Skyactiv-D 175 Sports-Line AWD

На 42.680 километри мора да се посети сервисната работилница, поради проблем со сопирачките и мекиот óд на педалот. Во една од предните сопирачки клешти се заглавила сопирачката плочка. Сервисот ги заменил сите четири плочки. По расклопувањето на крајот на тестот се покажува голема истрошеност во сопирачките. Според Mazda, тоа е единствен случај.

Минус-бодови: 12

Оцена: 2+

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 18: Seat Alhambra 2.0 TDI

Alhambra вози тест на 200.000 километри без поголем дефект. Поправки: Корекција на светлосниот сноп, две замени на предните сопирачки плочки и дискови, една замена назад, едно заменето лежиште на водилка и замена на компресорот за климата.

Минус-бодови: 12

Оцена: 2+.

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 18: Mercedes E 350 CDI T Avantgarde

На 26.000 километри откажува механиката на рачката на една од задните врати. Проблемот се повторува при 65.000 километри, затоа што се активирала заштитата за деца. На крајот, вратата не се отвора ниту одвнатре. Кусо пред крајот на тестот се случува дефект со рачката, но кај спротивната врата. Без овие дефекти, Mercedes ќе добиеше многу повисока оцена.

Минус-бодови: 12

Оцена: 2+

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 18: Dacia Lodgy 115 TCe Prestige

Примерна заштита од корозија кај евтиниот автомобил, подобра отколку кај повеќето Јапонци. Оцената ја расипуваат само корозијата под заптивката на задниот капак и расипаниот прекинувач за светла.

Минус-бодови: 12

Оцена: 2+

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 16: Lexus CT 200h Dynamic Line

Хибридниот погон третпат покажува издржливост каква што може само да се посака кај повеќето возила со обичен погон. Единствен дефект: Маската зад рачката на совозачката врата се разлабавила двапати.

Минус-бодови: 11

Оцена: 2+.

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 16: Lexus GS 450h

Единствен дефект било протекувањето масло од еден амортизер. Според Auto Bild, Lexus ја владее хибридната техника во сон. Издржливоста и комфорот се врвни.

Минус-бодови: 11

Оцена: 2+

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 15: Kia Soul 1.6 CRDi Spirit

Само една непланирана посета на сервис, без каков било дефект. Поради одвртувањето на завртката, рачката за висинско местење на возачкото седиште се откачила двапати. При демонтажата на крајот на тестот, сепак се покажува дека не е сé совршено. Во менувачот се откриени метални струшки, како резултат од скршените забци на механизмот за вклучување на шестиот и седмиот степен. На електричните приклучоци на анласерот има силна корозија, поради отсуството на заштита од прскање. Има корозија и на држачите и заврките на браниците, на стегите на цревата и во поткрилата.

Минус-бодови: 10

Оцена: 2+

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 12: Skoda Octavia Combi 2.0 TDI

По 11.000 километри се јавуваат проблеми со работата на темпоматот, како и проблеми при стартување. Последниве се надминуваат по замената на копчето за стартување, на 35.850 километри. Критика добива непријатното вклучување на менувачот со двојна спојка при поаѓање. Auto Bild се жали и на звуци од гмечење од арматурната табла, кои се појавуваат при 60.000 километри.

Минус-бодови: 9

Оцена: 2+

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 12: Mercedes A 180 BE Style

Осум минус-бодови по првите 100.000 километри. Без пречки, без непланирани поправки, A-Class извозе непречено 200 илјади километри.

Минус-бодови по 200.000 километри: 9

Оцена: 2+

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 12: Kia cee’d 1.6 GDi Spirit

Проблеми се појавуваат само во старт-стоп системот. Моторот некогаш гасне на семафор, некогаш не гасне, другпат не стартува откако ќе се притисне спојката. Според Kia, софтверот не регистрира кога пребрзо „се работи со нозете“. Притискањето на педалот станува потешко, исто како и дозирањето. По расклопувањето на крај се покажува дека е истрошена ламелата. Нејзината замена е опфатена во гаранцијата.

Минус-бодови: 9

Оцена: 2+

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 8: Suzuki SX4 S-Cross DDiS AllGrip

Дисплејот на навигацијата откажува по неколку денови, постојано има потешкотии со забавната електроника, а менувачот наутро има потешки одови. Освен дисплејот, нема други дефекти, нема оштетувања, возилото по 100.000 километри е како ново, а моторот нечепнат.

Минус-бодови: 8

Оцена: 1-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 8: Mercedes C 250 d 4Matic T Avantgarde

Само еднаш се вклучува предупредувачка светилка, поради дефектен сензор на системот за следење лента. По 100.000 километри, кабината е без какви било траги од користење. Ниту по расклопувањето нема знаци на оштетување или грешка.

Минус-бодови: 8

Оцена: 1-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 8: Mazda CX-5 Skyactiv-D AWD

Минус-бодовите се резултат единствено од невнимателниот сервис, кој заборавил да вчита нов софтвер и вградил потрешни сопирачки плочки.

Минус-бодови: 8

Оцена: 1-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 8: Ford Focus 1.0 EcoBoost Titanium

Трицилиндарскиот мотор се покажа издржлив. При 22.105 километри се вклучила помошната програма, по што бил вчитан нов софтвер. Потоа следи дефект на чепот за гориво. Други проблеми, нема.

Минус-бодови: 8

Оцена: 1-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 7: Mercedes V 220 d

По демонтажата се покажува незначителна корозија на шарките на предните врати, лабава звучна заштита и лабав канал за воздух, како и откачено гумено лежиште на пружина на задната оска.

Минус-бодови: 7

Оцена: 1-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 6: Audi A6 Avant 2.0 TDI

Само еден дефект пред крајот: Оштетена заптивка на издувната гранка, што е вообичаено кај автомобилите на Audi со голема километража. При демонтажата се покажуваат траги од корозија на подот.

Минус-бодови: 6

Оцена: 1-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 5: Hyundai i30 Kombi 1.6 CRDI Style

Минус-бодови само поради слабата звучна изолација во подот, слабото поврзување преку блутут, прегорена светилка за регистерска табличка, неизвршено вчитување на нови карти за навигацијата и превисоко наместено предно светло.

Минус-бодови: 5

Оцена: 1-

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 3: Volvo XC60 D4 Summum FWD

Премиум теренец кој ја оправдува цената. Целиот ентериер изгледа како нов. Моторот е во одлична состојба по тестот. Единствена забелешка за пропустите во заштитата од корозија на подот.

Минус-бодови: 4

Оцена: 1

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 3: Kia Sportage 2.0 CRDi AWD Spirit

Без ниту еден дефект и одлична состојба при прегледот по расклопувањето.

Минус-бодови: 4

Оцена: 1

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 2: VW Golf Sportsvan 1.4 TSI Highline

Освен трите пропишани сервисни контроли, никаков дополнителен трошок во сервисната работилница. Auto Bild реагира само за менувачот со двојна спојка кој вклучува грубо при поаѓање, како и за малите траги од корозија кои се откриваат по расклопувањето.

Минус-бодови: 2

Оцена: 1

[/tie_slide]

[tie_slide]

Место 1: Audi A3 Sportback g-tron

Возилата со погон на метан се ретки, но првото место на A3 g-tron докажува дека предрасудите кон метанот се неоправдани, кога станува збор за издржливоста.

Минус-бодови: 0

Оцена: 1+

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Оценување за супертестот: Вака се добиваат минус-бодовите

ИЗДРЖЛИВОСТ

МИНУС-БОДОВИ

  • Неподвижно возило

15

  • Штета на мотор / менувач

15

  • Дефект на погонски / функциски делови

5

  • Непланирана куса посета во сервис

3

  • Непланирана повеќедневна посета во сервис

5

  • Дефекти и дополнителна работа (радио / нави. / течности… )

2

  • Дефекти на ситни делови (светилки и сл.)

1

КВАЛИТЕТ НА ДОЛГ РОК

(по демонтажа)

МИНУС-БОДОВИ

  • Каросерија (конзервирање, лак, теписи, облоги)

0-5

  • Мотор (моќност, протекување, талози, траги)

0-5

  • Менувач (протекување, абење, состојба, спојка)

0-5

  • Издув (состојба, кат., држачи, заштитни панели)

0-5

  • Подвозје (оски, амортизација, управување, прицврстување)

0-5

  • Електрика (кабли, приклучоци, контролни единици, осигурувачи)

0-5

ОЦЕНУВАЊЕ ВО СЕКОЈДНЕВИЕ / ВОЗЕЊЕ

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes kina

Кинезите му се лутат на Mercedes поради еден цитат

mitsubishi outlander phev

Mitsubishi Outlander PHEV надмина 100.000 продажби во Европа