161
36 shares, 161 points

Возачите повеќе сакаат да ги слушаат хитовите од 1970-те години зад воланот, отколку модерните класици. Тоа го покажа истражување во Велика Британија. Ја имаме и плеј-листата

Класичните песни повеќе успеваат да го подобрат расположението на возачите отколку модерните хитови, покажа истражувањето спроведено во Велика Британија. Од десет песни што го подобруваат расположението при возење, дури осум се снимени во 1970-те и 1980-те години, со „Bohemian Rhapsody“ од Квин на првото место.

На британските возачи им годат и „Dancing Queen“ од Аба, „Livin’ on a Prayer“ од Бон Џови и „Eye of the Tiger“ од Сурвајвор. Единствени песни од новиот милениум кои се пласирале меѓу најдобрите 10 се „Happy“ од Фарел и „I Gotta Feeling“ од Блек Ајд Пис.

Во истражувањето учествувале повеќе од 2.000 британски возачи; Музичкиот свет честопати се раководи според британските топ-листи, така што на резултатите може да им се признае релевантноста

Речиси 85 проценти од испитаниците на возраст меѓу 18 и 65 години, изјавиле дека честопати или секогаш слушаат музика во автомобилот, преферирајќи постари музички хитови. Слушањето музика го ослободува хормонот допамин, а неговото лачење дополнително се зголемува за 9 проценти кога се слушаат омилените песни. Девет од десет возачи потврдиле дека музиката ги прави среќни.

Попот и рокот се покажуваат како најдобар музички жанр за слушање во автомобил. Три од четири возачи изјавиле дека слушањето различни видови музика при возењето влијае врз нивното расположение.

Топ 20 песни за добро расположение во автомобилот

Изведувач / Група

Наслов на песната

Процент од вкупни гласови

Queen

Bohemian Rhapsody

41.4%

Abba

Dancing Queen

36.8%

Bon Jovi

Livin’ on a Prayer

34.5%

The Proclaimers

I’m Gonna Be (500 miles)

30.4%

Survivor

Eye of the Tiger

29.5%

Katrina and the Waves

Walking on Sunshine

29.1%

Wham!

Wake Me Up Before You Go Go

28.4%

Pharrell

Happy

27.6%

Cyndi Lauper

Girls Just Wanna Have Fun

26.1%

Black Eyed Peas

I Gotta Feeling

23.8%

Marvin Gaye & Tammi Terrell

Ain’t No Mountain High Enough

23.6%

Journey

Don’t Stop Believing

23.1%

Oasis

Wonderwall

21.4%

Greatest Showman

This Is Me

20.7%

Katy Perry

Roar

16.7%

Outkast

Hey Ya!

16.5%

The Darkness

I Believe in a Thing Called Love

14.7%

Bob Marley

Three Little Birds

14.1%

Calvin Harris & Dua Lipa

One Kiss

12.2%

DJ Otzi

Hey Baby!

6.9%

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
36 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format