138
23 shares, 138 points

Чешката фирма MW Motors во исто време го привлекува вниманието на две групи кои би требало да имаат спротивни ставови. Ова купе со ретро изглед и со електричен погон е интересно и за љубителите на олдтајмерите, и за возачите што се подготвени да се откажат од класичниот мотор.

Каросеријата на Luka EV комбинира елементи во коишто вештото око на автомобилските ентузијасти ќе препознaе детали од Aston Martin DB4 или Mercedes 190 SL. Покрај заводливите линии на автомобилскиот дизајн од 1950-те години, малкумина можат да останат присебни. Но, техниката на спортското купе од Чешка се разликува драстично од автомобилските легенди на коишто се угледува.

Изгледот на Luka EV не е копија од туѓи марки, туку на најголемата автомобилска марка од Чешка, Tatra

Што се однесува до угледувањето, формата на Luka EV e патриотски вернa копиja на Tatra JK 2500 Prototype, уникатот што легендарниот чешки производител го изработи пред речиси седум децении.

Конструкцијата исто така го следи класичниот пристап. Носечката рамка е изработена од алуминиумски профили и врз неа е поставена каросерија од фиберглас. Тоа придонесува тежината на Luka EV да изнесува само 815 килограми. Придонес за тоа имаат и четирите идентични електромотори со моќност од 12,5 kW, коишто се вградени во самите тркала. Со вкупна моќност од 66 КС, електричниот автомобил забрзува до темпо сто за 9,6 секунди. Крајната брзина е ограничена на 146 km/h, заради спречување на пребрзото празнење на батеријата. Затоа пак, наполнета батерија испорачува енергијата за 300 километри.

Техничарите моментно го усовршуваат системот за брзо полнење на батеријата од 22 киловатчасови. Потоа, еден час мирување на возилото на приклучок ќе биде доволен за батеријата да се освежи за 80 проценти, односно за следните 240 километри. Со користење на сопствениот полнач и приклучување на „ѕид“, комплетното полнење трае околу девет часови.

Електричниот погон гарантира и многу повеќе простор во кабината отколку што се претпоставува

Димензиите се мошне компактни, но мора да се има предвид дека погонот на струја заштедува многу простор, особено кога електромоторите се вградени во тркалата. Со должина од нешто повеќе од четири метри, Luka EV не би требало да е помалку просторен од денешните компакти. Уште еден „трик“ за ниската тежина се открива во релативно малата ширина од 1,62 метар. Тоа е пристојна вредност за 1950-те, но скусувањето на ширината е многу ефикасен трик за симнување на килограмите.

Готов автомобил ќе чини околу 30.000 евра на излез од фабриката во Штеновице. Во цената се вклучени и кожени седишта или огромен дисплеј во средина. Чешкиот мајсторски ген извел умешни контрасти со карбонот што е видлив во кокпитот, заедно со рачно изработени штепови на кожата врз арматурбата табла. Во MW Motors уште не го откриваат датумот кога ќе стартува продажбата. Но, тоа не значи дека треба да одолговлекуваат.

Фотогалерија · MW Motors Luka EV

[tie_slideshow]

[tie_slide]

MW Motors Luka EV 12

[/tie_slide]

[tie_slide]

MW Motors Luka EV 11

[/tie_slide]

[tie_slide]

MW Motors Luka EV 10

[/tie_slide]

[tie_slide]

MW Motors Luka EV 9

[/tie_slide]

[tie_slide]

MW Motors Luka EV 8

[/tie_slide]

[tie_slide]

MW Motors Luka EV 7

[/tie_slide]

MW Motors Luka EV 6

[tie_slide]

MW Motors Luka EV 5

[/tie_slide]

[tie_slide]

MW Motors Luka EV 4

[/tie_slide]

[tie_slide]

MW Motors Luka EV 3

[/tie_slide]

[tie_slide]

MW Motors Luka EV 2

[/tie_slide]

[tie_slide]

MW Motors Luka EV 1

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
23 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743