169
22 shares, 169 points

Новитет во понудата на Motul е посебен адитив наменет за бензински мотори со директно впрскување. Специјалистот за средства за подмачкување ветува смалена потрошувачка на гориво и почисти издувни гасови.

Адитивот со ознака GDI Clean, во пакување од 300 милилитри, се додава на полн резервоар со гориво, односно е доволен за 40 до 60 литри гориво. Користењето на адитивот се препорачува да се повтори на секои 5.000 километри.

Motul во известувањето за својот нов производ укажува на фактот што неколку производители на возила користат додатоци за горива кои посебно се развиени за GDI-мотори, односно за мотори со директно впрскување на горивото. Овие додатоци со зајакнато дејство на чистење се користат при редовниот сервисен преглед на возилата. Целта е да се отстранат создадените талози на инјекторите и на челото на клиповите.

Пакувањето од Motul GDI Clean од 300 милилитри кај големите онлајн-продавници чини околу 18 евра, постои и увозник во Македонија.

Додатокот за чистење може да се користи и за мотори со индиректно впрсквуање, односно впрскување во вшмукувачката гранка, како и за мотори со карбуратор. Истото важи и за бензински мотори со филтер за честички гареж.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

169
22 shares, 169 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *