за

Motorola: Локатор за затурени клучеви и мобилни

Потрагата по затурените клучеви и паметни телефони е непријатна и мачна работа. Motorola разви уред којшто го олеснува нивното пронаоѓање.

Motorola Keylink изгледа како обичен приврзок за клучеви, со триаглесна форма и во црна боја. Овој малечок уред што не пречи да се носи в џеб заедно со клучевите воспоставува врска со паметниот телефон преку блутут. Со притискањето на копчето во приврзокот, телефонот почнува да звони. Досегот изнесува до 30 метри. Keylink функционира и во спротивен случај, кога ќе се изгубат клучевите. Положбата на приврзокот, заедно со клучевите, во тој случај се покажува на бесплатната апликација на Motorola.

Паметниот приврзок работи со сите уреди со Андроид и iOS. Тие што поседуваат Moto X од втората генерација, Droid Turbo или друг паметен телфон со Android 5.0 Lilipopp, со овој уред се поштедени од внесување на пинот. Ако Keylink се додаде во оперативниот систем као доверлив уред, паметниот телефон може да се отклучи без пин, доколку приврзокот е во близина. Цената изнесува 25 долари, батеријата трае една година.

Сличен уред е HTC Fetch. Главната разлика е во тоа што овој уред штити и од кражба, односно активира аларм на обете страни доколку оддалеченоста меѓу уредот и мобилниот телефон пречекори 15 метри. Со цената од 50 евра, Fetch сепак е многу поскап.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

25 интересни факти за Lexus во пресрет на јубилејот на марката

Apple троши четвртина од светската продукција на сафир