157
20 shares, 157 points

Моторни масла од италијанската марка Lublan пристигаат како новитет во понудата на Оптикооп, фирма што претходно привлече внимание со маслата Kroon. Во напливот од масла со непотврдено потекло на пазарот, значаен факт е тоа што зад маслата Lublan стои увозник во когошто возачите имаат доверба веќе долги години. Од компанијата наведуваат дека новата марка масла е за најмалку 30% подостапна од досегашната понуда на квалитетни масла на нашиот пазар.

Моторно масло што е достапно по пониска цена, а притоа ги исполнува барањата за квалитет на најголемите производители на автомобили, тоа е голема вест меѓу возачите. Нашиот возен парк претежно го сочинуваат автомобили постари од 15 години, вклучувајќи и модели од повисоки класи и премиум марки. Меѓутоа, моторните масла од премиум марките се скапи и претставуваат голема ставка во трошоците за одржување на старите автомобили. Се бара нешто подостапно, но пак доволно квалитетно.

Голем ризик е користењето моторно масло што се нуди по пониска цена; Фирмата Оптикооп е своевидна гаранција дека италијанските моторни масла Lublan што ги нуди не се вбројуваат во „опасната“ понуда од евтини масла на македонскиот пазар

Во последните неколку години се создаде широк пазар со марки на моторни масла што ветуваат ист квалитет како премиум марките, но по значително пониски цени. Но, тоа повлече и нови проблеми. На пазарот често се среќаваат непознати марки масла со сомнителна спецификација, а секако дека постои и дистрибуција на фалсификувани моторни масла, чиешто користење може да доведе до сериозен дефект на моторот.

Маслата Lublan го покриваат ценовниот сегмент под холандските масла Kroon, со кои Оптикооп првпат го привлече вниманието во продажбата на моторни масла на нашиот пазар

Оптикооп направи добар потег кога стартуваше со холандските масла Kroon Oil, искористувајќи го своето име, коешто долги години е присутно меѓу возачите, меѓу другото и како увозник на резервни делови директно од добавувачите на автомобилската индустрија (делови за постари возила Optimal, спојки Sachs, ремени, црева и делови за подвозје Lemforder, амортизери Boge, плочки Bendix, итн).

New photo by Automedia MK / Google Photos

Сега следи и дополнување на понудата со моторни масла во една ценовна класа подолу, но сé уште со висок квалитет, во поглед на API-стандардните за масла и сопствените норми на производителите на автомобили. Италијанските масла Lublan се производ на компанијата GL Oil со седиште во Нола.

Во производственото портфолио под марката Lublan влегуваат сите подрачја на моторни масла, од масла за автомобили, камиони и мотоцикли, преку масла за менувачи, масла за земјоделски машини, антифризи, течности за сопирачки до масти и индустриски средства за подмачкување. Производите се достапни во сите стандардни пакувања од 1, 4, 5, 20 и 200 литри, што значи дека освен за продажба на мало, компанијата ги покрива и сервисните работилници и самите фабрики.

Универзално полусинтетско масло што исполнува фабрички норми на Mercedes-Benz и Volkswagen, по дилерска цена од 162 денари за литар, тоа ќе одекне како гром на пазарот на масла во Македонија

Од 16-те производи на моторни масла за патнички автомобили, најголем удел во продажбата треба да постигне Lublan PCMO 10W-40, како универзално полусинтетско масло за бензински и дизел мотори, со или без турбонатполнење, со спецификација ACEA A3/B4, API SN/CF и фабрички норми MB 229.1 и VW 501.01/505.00. Според промотивниот дилерски ценовник, литар од ова масло чини 162 денари (без ДДВ), односно 148 денари за амбалажа од 20 литри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За моторите со покомплициран систем за пречистување на издувните гасови е наменето синтетското масло со градација 5W-40 Eco, синтетско, за бензинци и дизели, API SN/CF, ACEA C3 и фабрички норми на VW, MB, BMW, Ford, Porsche, Renault и Fiar (промотивна дилерска цена 216 денари за литар).

Понудата ја комплетира синтетско масло Lublan PCMO 10W-60, наменето посебно за мотори со режим на високи вртежи и високо оптоварување, вклучувајќи и примена во мотоспортот (API SM-SN/CF, ACEA A3/B3/B4). Истиот сооднос цена-квалитет продолжува и кај маслата за автоматски менувачи (Lublan ATF DX II, промотивна дилерска цена 142 денари литар). Италијанскиот производител уверува во својата понуда и со маслата за CVT-менувачи и за менувачи со двојна спојка (DSG).

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со вклучувањето на италијанските моторни масла и средства за подмачкување од марката Lublan во својата понуда, покрај веќе познатите холандски масла Kroon (круна), Оптикооп е сосем веројатно дека за кусо време ќе прерасне и во еден од највлијателните центри за продажба на моторни масла.

Дел од понудата на Lublan на македонскиот пазар:

Име на производ
Вид
Цена за литар (во денари, промотивна дилерска цена)

Моторно масло PCMO 10W-40

Универзално, полусинтетско, бензин и дизел, со и без турбо, API SN/CF

162

Моторно масло PCMO 5W-40 eco

Универзално, синтетско, бензин и дизел, со и без турбо, API SN/CF

216

Моторно масло PCMO 10W-60 eco

Целосно синтетско, за високо оптоварување и за мотоспорт, бензин и дизел, со и без турбо, API SN/CF

222

Global ATF

За автоматски менувачи и серво управување, универзално

235

ABF DOT 4

За систем за сопирање

234 (0,5 l)

ACF Pure

Концентрат за заштита од замрзнување

160

Рано е за 1-ви Април: Shell продава универзално моторно масло

На ова треба да се внимава при изборот на моторното масло

Тест на моторни масла: Добрите масла не мора да се скапи!

Купувањето адитиви за масло е губење пари

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
20 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *