174
22 shares, 174 points

Една од водечките адреси за сите прашања околу автомобилските гуми, Мотоцентар, денес организираше неколку настани во знак на одбележување на 25 години постоење. Прославата опфаќа повеќе сфери, од општествена одговорност, до историски собир на автомобилската икона Porsche 911.

Во релаксирачката средина на „тениското“ покрај Хотел Александар Палас, компанијата Мотоцентар денес одржа состанок со медиумите, претставувајќи ги активностите што ја придружуваат годината на одбележување на јубилејот на 25 години постоење.

Маркетинг менаџерката на Мотоцентар, госпоѓа Моника Бошкоска, претстави неколку проекти од областа на општествената одговорност во чијашто реализација учествува компанијата, од кои повеќето уживаат традиционална поддршка. На настанот присуствуваа членовите од пливачкиот тим, Јулијана Петровска, Марио Мицковски и Стефан Трпковски, кои се вратија со три златни медали од Специјалната Олимпијада Абу Даби 2019.

Традиционална поддршка и реализација на проекти од подрачјето на општествената одговорност

Мотоцентар повеќе години ги подржува активностите на нашите атлети во соочувањето со натпреварувачките предизвици на големите спортски манифестации за лица со посебни потреби. На настанот говореше и познатата новинарка и водителка Ана Зафирова, како претставник на волонтерскиот тим што ја води организацијата на Специјалната Олимпијада Македонија.

Неодамна беше реализиранo уште едно домашно издание на фамозниот The Distinguished Gentleman’s Ride“, како настан што има за цел да ја зголеми свеста за ракот на простата и менталното здравје на мажите, кој вообичаено прикажува фин манир на негување на културата на возење мотоцикл. Организаторите на настанот во Македонија, Игор Стефановски и Благоја Петровски, исто така го почестија Мотоцентар со свое присуство во почетокот на денешното одбележување на четвртина век постоење.

Прославата продолжи вечерва, вклучувајќи донаторска конференција

Уште еден настан од јавен карактер што го подржува компанијата е домашната организација на „Drive For Colon Cancer Awareness“, хуманитарна акција со возење во знакот на заштитата од рак на дебелото црево. Вечерва во кругот на Александар Палас се одржува донаторска конференција чиишто приходи ќе бидат наменети за оваа хуманитарна цел.

Секако дека настанот не може да мине без бренд-амбасадорот на Мотоцентар и нашата ѕвезда на европската сцена на мотоспортот, Игор Стефановски – Иџе, кој искажа задоволство од честа што му ја искажува компанијата со изборот да ја претставува преку своите успеси на автомобилските трки. Иџе ја вози следната трка во Монца, на 12-ти и 13-ти октомври, со што воедно се заокружува актуелната сезона.

Тоа што остави посебен печат во одбележувањето на јубилејот беа дваесетината изложени возила Porsche 911, од сите генерации, вклучувајќи и расни тркачки машини што се легални за улица, како GT3. Госпоѓа Бошкоска го објаснува симболичното значење на овој единствен собир на модели од речиси сите генерации: „Пред 25 години започнавме како компанија со основна дејност продажба на гуми. Но, како и моделот Porsche 911 Carrera, еволуираме – се менувавме, приспособувавме, модернизираме според околностите, пазарот, побарувачката. А нашиот квалитет останува секогаш ист и препознатлив.”

Честитки за јубилејот и уште многу прослави на големи достигнувања.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

174
22 shares, 174 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *