144
22 shares, 144 points

Возачите кои практикуваат своите теренски возила да ги возат и надвор од асфалтот добиваат избор од уште два модела на гуми во понудата на Мотоцентар. Новитетите пристигаат од General Tire, марка што е прв избор за повеќето авантуристи.

Со возење низ кал и преку раседи, место со скаски меѓу четири ѕидови и под вештачко светло, Мотоцентар ги претстави новите два модели на гуми за теренски возила од General Tire. На патеката за мотокрос во Орман и по околните терени се возеше со Grabber AT3 и Grabber X3. Првиот модел е наменет за возење по сите терени и развиван е за модерни СУВ-модели, пикапи и теренски возила, со цел да се постигне комбинација што ќе биде подеднакво добра на терен, но и во секојдневното возење по асфалт.

Широк дијапазон на димензии за General Tire Grabber AT3, од 15 до 20 инчи, од 195/80 до 275/40

Мотоцентар General Tire Grabber AT3 Орман

Станува збор за модел од третата генерација гуми за сите терени од General Tire, којашто се одликува со три главни технологии. Tracgen се ситни ламели во газечкиот профил кои обезбедуваат подобар контакт со подлогата, а со тоа и подобра тракција при пробивање по терен, како и контрола при сопирање. Претставниците од седиштето на General Tire посочија особено на својствата за самостојно чистење на профилот при возење во кал. Важно е профилот да остане чист и да „работи“, во што и требаше да се увериме при возењето во Орман.

Мотоцентар ги позиционираше General Tire меѓу водечките марки на гуми за терен кај македонските возачи

Втората технологија во новата генерација гуми е DuraGen, чијашто цел е да понуди долготрајност и при почесто возење по терен. Освен од робусната гумена смеша и од зајакнатите блокови во профилот, овие својства главно произлегувааат од зајакнатата челична структура. Комфорот при возење по асфалт е задача на третата главна технологија, ComfortBalance. Тоа се постигнува преку геометријата на газечкиот профил, односно преку рамномерното оптоварување по целата површина на гумата.

General Tire Grabber_AT3

Големо внимание при развојот е посветено на издржливоста на страничните ѕидови на гумите. Возачите со подолго искуство знаат дека оштетувањата при возење по екстремен терен се појавуваат најчесто во ова подрачје. Отстрана кај Grabber AT3 се забележуваат масивни блокови кои ги штитат страниците, исто како и прстените под овие блокови, кои имаат задача да го спречат навлегувањето на камчиња и други туѓи предмети во газечката површина. Заштитата на работ на бандажите веќе се подразбира.

Постои и специјална изведба AT3 LT, со уште поголема отпорност на профилот и покрупни блокови, којашто става поголем нагласок на својствата за возење по тежок терен. General Tire ги нуди Grabber AT3 во големини меѓу 15 и 20 инчи, во импресивен дијапазон од 195/80 R 15 96T до 275/40 R 20 106V XL.

Специјалистот Grabber X3 прави разликата меѓу теренска и обична гума при возење по тежок терен да се чувствува уште повеќе отколку разликата меѓу зимска и летна гума на снег

Вториот новитет модел е Grabber X3, коишто се веќе специјални гуми за терен, со 80% својства за возење по терен и останатите 20% за возење по асфалт. Агресивниот профил јасно укажува дека станува збор за гума што најдобро ја симболизира марката General Tire.

Мотоцентар General Tire Орман

Тројката од иновативни технологии зад ознаката X3 се состои од X Mud, X Dirt и X Rock. Првата се однесува на отворениот профил кој обезбедува врвна тракција по кал, но и на растресира подлога, односно песок или шљунак. Широките канали се грижат за брзо и ефикасно чистење на профилот. X3 им се спротивставувана предизвиците во „Dirt“ со закосените рабови на блоковите во профилот. Постојат и посебни „одбојници“ во основата на профилот, коишто го спречуваат заглавувањето камчиња и опасноста од оштетување на гумата. X Rock оди во корист на отпорноста и на тракцијата при возење во најтешки услови, при пробивање по карпест терен. Робусните блокови на страниците на гумата штитат од опасноста од оштетување во овие услови. DuraGen технологијата исто така се користи кај овие гуми. Grabber X3 се достапни во димензија од 15 до 19 инчи.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Мотоцентар General Tire Орман

Со класичен теренец од ковот на Nissan Patrol, возењето по терен без теренски гуми е исто како планинар да се искачува во влечки

[/tie_slide]

[tie_slide]

Мотоцентар General Tire Орман

Докажување на способностите на теренските пневматици на General Tire на дело, место на „филм“

[/tie_slide]

[tie_slide]

Мотоцентар General Tire Орман

[/tie_slide]

[tie_slide]

Мотоцентар General Tire Орман

[/tie_slide]

[tie_slide]

Мотоцентар General Tire Grabber X3 Орман

[/tie_slide]

[tie_slide]

Мотоцентар General Tire Орман

[/tie_slide]

[tie_slide]

Мотоцентар General Tire Орман

[/tie_slide]

[tie_slide]

Мотоцентар General Tire Орман

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Тест на летни гуми на АДАК: Обичните марки на исто ниво со премиум гумите

Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 175/65 R14 T

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
22 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743