Сопственици на мотоцикли постари од 1984 година имаат важен настан во регионов во јуни. Светската федерација на олдтајмери организира тура низ Истра, за единствено уживање во возењето класичен мотоцикл.
Светската федерација на олдтајмери ги повикува сите сопственици на мотоцикли постари од 1984 година на тридневна тура за уживање низ Истра. Организаторот очекува учесниците да се одушеват најмногу од агендата за третиот ден, кога турата пристига во Трст, Италија. Таму ќе се одржи изложба на Камиљо Кастиљони, кој има огромни влијание врз раните мотоцикли на BMW. Рутата почнува во центарот на Трст и води по легендарната „Триесте-Описина“, кадешто се возела славната трка во периодот меѓу 1911 и 1971 година. Оваа рута е позната и како „ридска Монца“.
Три ноќевања во хотел со четири ѕвезди во Умаг и комплетно згрижување за време на настанот чини 450 евра по лице
Организирано е сместување во Хотел Сол Умаг, по цена од 450 евра за три ноќевања, по лице, за периодот меѓу 27-ми и 30-ти јуни. Во цената се вклучени оброци и пијалоци за текот на целото рели, забава по кафулиња, посети на музеи, паркинг, сервисирање, подароци и превоз за учесниците без мотоцикл.
Во трите денови во Истра ќе се посетат Пореч, Грожњан, Пиран, Сечовље и Трст. Во Италија се планира средба со членовите на мотоклубот Триесте, најстар клуб во Италија, основан во 1906 година. Покрај изложбата на Камиљо Кастиљони, ќе има и мотоцикли на BMW од сите периоди, како и автомобили од British Frazer Nash. Настанот завршува со гала вечера во Умаг.
Повеќе детали и за формулар за пријавување на: https://fwmr2019.svamz.com/.
0 Comments