за

Moto Guzzi V7 II Stone: Компактна машина со цврст карактер

Stone е влезниот модел во светот на Moto Guzzi, но тоа не значи и дека се добива бездушна машина. Погонот преку кардан и моторот V2 му даваат посебен карактер на V7 II.

Ознаката V 7 е мелем за уши за постарите генерации возачи на мотоцикли. Има и многу луѓе што немаат многу заедничко со светот на две тркала, а сепак го имаат видено тој мотоцикл, како полициска машина во постарите американски филмови. Пред точно десет години, Moto Guzzi реши повторно да го заживее овој дел од легендарното минато на марката, со ретро моделот V7. Тоа се покажа како вистински потег, па мотоциклот сега се појавува како V7 II по неговото темелно освежување.

moto guzzi v7 ii stoneStone не е само влез во светот на V7, туку и воопшто во марката Moto Guzzi. Пуристите можеби ќе негодуваат поради лиените бандажи на основниот модел, но така е поевтино отколку со жичените бандажи какви што имаат сите преостанати модели во серијата. Затоа, пак, Speciale и Racer се поскапи за околу 700 евра.

Компактната конструкција е заслуга на моторот V2

Во споредба со предокот кој во 1960-те години го имаше прекарот „бивол“, новиов модел во денешни услови има релативно нежна појава. Како за „750-ка“, Guzzi е многу тесен, низок и кус. Моторот V2 со воздушно ладење, кој традиционално е вграден попречно, со цилиндри што штрчат нанадвор и го опфаќаат резервоарот отстрана, е главната причина за компактните димензии на мотоциклот. Но, тој е воедно и гаранција за успехот, покрај класичниот изглед на V7.

Дополнителната ознака „II“ не се однесува само на додавањето на ABS и контрола на тракција во рамките на освежувањето на моделот, туку и на сменетата положба на моторот V2 со цилиндри под 90 степени. Двоцилиндарецот е спуштен еден сантиметар и свртен е за 4 степен нанапред, заради поголем притисок врз предното тркало. Покрај тоа, инженерите од Мандело му вградија и нов шестстепен менувач на својот бестселер.

moto guzzi v7 ii stone (4)На присуството на АВЅ и контрола на тракција укажуваат двете жолти контролни светилки, во носталгичен стил, а со истиот класичен дизајн се изработени и аналогните инструменти со по еден малечок дисплеј во нив. Тоа што од претходно го одликува V7 е моќно повлекување во пониските степени, што е невообичаено во класата со 48 КС, а дел од карактерот е и реакцијата од карданот при префрлување во понизок степен.

Moto Guzzi V7 II е машина што ќе ги заинтригира љубителите на ретро-мотоцикли, но ќе ги усреќи и почетниците што сакаат мотор со карактер. Погонот преку кардан е екстра додаток на карактерот.

Технички податоци · Moto Guzzi V7 II Stone
  • Мотор: V2, 90 степени, 4 такта, 744 ccm, воздушно ладење
  • Моќност: 48 КС при 6250/min
  • Вртежен момент: 59 Nm при 3000/min
  • Крајна брзина: 160 km/h
  • Менувач и погон: 6 степени, кардан
  • Резервоар: 21 L
  • Висина на седиште: 790 mm
  • Тежина: 198 kg
  • Носивост: 203 kg
  • Гуми: 100/90 R 18, 130/80 R 17

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 Amazing Things You Can Make With A 3D Printer

Календар за 2016 година со моторите од историските модели на Audi