131
18 shares, 131 points

Италијанците ја збогатија серијата 1400-ки со благородната верзија Eldorado којашто привлекува внимание колку со белите каскади на гумите толку и со гигантските димензии на двоцилиндарецот.

Тие го носат најзвучното име меѓу сите мотоцикли и излегуваат од производствената хала во Мандело дел Ларио, во близина на монденското езеро Комо. Јасно е дека станува збор за Moto Guzzi. Фабриката е изградена уште во 1921 година и во неа до денешен ден се произведуваат двоцилиндарски машини со ладење со воздух и масло. Последниот нов модел во понудата е Eldorado, со мотор од 1.400 сантиметри кубни и со дебели гуми со бели каскади коишто се забележуваат од километар. Погледите подеднакво успешно ги привлекуваат и големите глави на двата цилиндра, кои што штрчат косо од левата и десната страна под резервоарот со стилски дотерана линија.

Оваа карпа тешка 329 килограми може да биде лакирана во „ноар класико“ или „руж преџато“, што значи во класична црна и селектирана црвена боја. Eldorado оддава впечаток на скап мотоцикл со убавите жичени бандажи, со блескавите страници на резервоарот и обложените амортизери и вилушки. Пуристите може да забележат само за тоа што впечатливите калници се изработени од пластика место од квалитетен метал.

moto guzzi eldorado 720150602Џиновските цилиндри доминираат од секој агол, што е сосема разбирливо ако се има во предвид дека работната зафатнина на двоцилиндарецот со ладење со воздух и масло изнесува 1.380 сантиметри кубни. Црните капи на цилиндрите со четири полирани ребра, заедно со полираните ребра за ладење на цилиндрите, лакирани исто така во црна боја, со блокот на моторот и со хромираните издувни цевки дебели колку рака се највпечатливиот детал на Eldorado. Место невпечатливи задни светла со диодна техника што се интегрирани во калникот како кај California, опашот го краси тркалезно задно светло, придружено со трепкачи со тркалезна форма. Eldorado едноставно не може да се превиди на улица, тој буквално е магнет за погледите. Целата појава ја заокружува бакхорн-управувачот.

Со вртежен момент од 120 њутнметри при само 2.750 вртежи, двоцилиндарецот е конструиран да го мами возачот рано да го префрлува менувачот во повисок степен преку прекинувачот. Максималната моќност од 96 КС при 6.500 вртежи е повеќе теоретска вредност, затоа што возењето на Eldorado претежно се одвива меѓу 1.500 и 4.000 вртежи, што е добро и за потрошувачката. Со реални 6,5 литри на сто километри и резервоар од 20,5 литри, може спокојно да се патува на подолги тури.

Електронска контрола на тракција ја „смирува“ задната гума

Покрај овој енормен вртежен момент е разбирливо што постои електронска контрола на тракцијата, заради спречување на пролизгувањето на задната гума од 180 милиметри на дожд. Контролата на тракцијата може да се дотерува во три степени, исто како и целосно да се деактивира. Понатаму, постојат и три модуси за возење, во коишто се менува реакцијата на гасот. За долги делници со ограничена брзина по автопат, од голема помош ќе биде темпоматот којшто функционира преку Ride-by-Wire. Висината на седење од 740 милиметри е погодена за возење во град, предната вилушка нема никаква можност за местење, додека назад се дотерува само предзатегнатоста на пружините.

Во историјата на Moto Guzzi веќе имаше еден Eldorado. Моделот V7 GT 850 се продаваше под ова име во САД. Мошне е веројатно дека и актуелниот Eldorado повторно ќе предизвика огромен интерес од другата страна на океанот.

Технички податоци · Moto Guzzi Eldorado

Мотор: Воздушно / маслено ладење, 90°-V2-четиритактен мотор, SOHC, пречник х од 104 x 81,2 mm, зафатнина 1.380 ccm, 96 КС при 6.500/min, 120 Nm при 2.750/min; шестстепен менувач, кардански пренос.

Подвозје: Челична цевна рамка, предна вилушка 46 mm; алуминиумска задна вилушка со два амортизера, местење на претзатегнатост на пружини; два сопирачки диска напред 320 mm, еден сопирачки диск назад 282 mm, ABS; жичани бандажи, гуми 130/90 B 16 напред и 180/65 B 16 назад.

Системи за асистенција: 3 модуса на возење, три степени на дотерување на контрола на тракција – плус исклучување, темпомат.

Димензии и тежини: Висина на седење 740 mm, празно возило со полн резервоар 320 kg, резервоар 20,5 l.

Цена околу 18.500 евра


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

131
18 shares, 131 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743