142
29 shares, 142 points

Малата и фина британска марка Morgan три години бележи рекорди. Вистинската вест сепак е претстојната премиера на новиот спортски модел, со целосно нова платформа и мотор

Morgan повторно пријавува рекордна година, како резултат од новото и способно раководство. Бројките за профитот и продадените примероци не се спектакуларни, но автомобилската сцена би била комплетна без марката со богата традиција. Неоданочениот профит за лани пораснал за 95 проценти, на 3,4 милиони фунти. Тоа се должи на екстра цените за завршната серија од моделот Aero GT и за јубилејниот Morgan Plus 8, кој славеше педесетгодишнина.

Во 2019 година, Morgan ќе ја одбележи 110 години постоење и по тој повод ќе го претстави новиот модел, кој засега е само „Wide Body“. Компанијата во последните три години потроши 6,3 милиони фунти во развој на нови технологии, најмногу досега. Од тој развој произлегува новата алуминиумска платформа за моделот, кој ќе има премиера подоцна годинава, веројатно за време на Фестивалот на брзината во Гудвуд, во лето.

Можно е традиционалната марка да премине на шестцилиндарски турбо во новиот модел, тоа е единствениот начин да се исполнат еко-нормите

Англичаните најавуваат и напредни решенија во подвозјето. „Wide Body“ ќе се понуди како најбрз и најтемпераментен модел во историјата на марката. Заслуга за тоа ќе има и новиот мотор, засега без какви било конкретни податоци околу истиот. Во Morgan Aero работеше 4,8-литарски V8 со 367 КС од BMW. Баварците завршија со производство на осумцилиндарецот, така што мораше да се бара нов мотор. Постои голема веројатност дека во новиот модел ќе работи шестцилиндарец со турбонатполнење, исто така од BMW.

Morgan е семејна автомобилска мануфактура, со погони во Малверн Линк, Англија. Morgan е воедно и најстара автомобилска компанија во приватна сопственост во светот. Лани беа изработени 681 возило, од кои три петини се извезоа преку 60-те дилери во 32 држави.

Morgan Aero GT во ексклузивна серија од осум примероци

Олдтајмер свеж од салон: Morgan AR Plus 4 за 65-годишнината

Легендарниот Morgan 3 Wheeler во изведба со погон на струја

Двајцата имаат по 50 години и се подготвуваат за големата прослава

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

142
29 shares, 142 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format