за

Двајцата имаат по 50 години и се подготвуваат за големата прослава

morgan plus 8 routemaster

Двокатните лондонски автобуси го одржуваат култот и во ерата на електричниот погон и на автономното возење. Morgan Motor пред неколку месеци го купи претпоследниот Routemaster што беше повлечен од сообраќај, со цел да го врати автобусот меѓу британската публика на неколкуте прослави што претстојат годинава.

Овој Routemaster е произведен пред точно половина век, исто како првиот Morgan Plus 8. Оваа легенда од лондонските улици оттогаш има минато повеќе од 1,5 милион милји или 2,4 милиони километри. Автобусот бил во редовен сообраќај цели 44 години, пред да биде повлечен на 9-ти декември 2005. Збогувањето било спектакуларно, со редици народ да го придружи заминувањето на автобусот од линијата број 159, од Марбл Арч до Брикстон.

Morgan Plus 8 ќе ја одбележува 50-годишнината заедно со Routemaster

Традиционалното конструирање и производство се главна одлика на марката Morgan. Во нивните возила уште може да се доживее духот на старите времиња, што е уште попривлечно во ерата кога автомобилите и мобилноста ја доживуваат најголемата трансформација досега.

Автобусот со ознака RML2759 во возниот парк поседува 7,7-литарски дизел од Iveco. Неговиот близнак и последен примерок што беше повлечен од сообраќај е изложен во Музејот на лондонските автобуси во Бруклендс.

Копија од Routemaster вози и по скопските улици, како ретро верзија на легендарните двокатни автобуси пред катастрофалниот земјотрес во македонската престолнина.

Morgan Aero GT во ексклузивна серија од осум примероци

Олдтајмер свеж од салон: Morgan AR Plus 4 за 65-годишнината

Легендарниот Morgan 3 Wheeler во изведба со погон на струја

Во посета на возниот парк на Џејмс Бонд во Лондон

Кафе како погонско гориво за лондонските автобуси

Комбето на Mercedes стана новото лондонско такси

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lada Vesta Cross

Теренска лимузина може да има само Lada

Automobili Pininfarina PF0

Pininfarina ќе спринтува до 300 km/h за помалку од 12 секунди