145
24 shares, 145 points

Morgan Aero GT беше претставен минатиот месец на салонот во Женева, како најекстремен автомобил од малечката британска марка со голема историја. Моделот ќе се произведе во само осум примероци, секој од нив ќе биде изработен точно по нарачката на клиентот. Со оваа ексклузивна серија се одбележува завршетокот на производството на Aero 8.

Моторот е ист како во Aero 8, што значи атмосферски BMW N62 V8 со моќност од 372 КС. Спринтот до сто трае 4,5 секунди, крајната брзина е 273 километри на час. Секој примерок од Morgan Aero GT стандардно поседува приспособливо подвозје и се испорачува со мануелен менувач.

Пред секој од осумте примероци да влезе во производство, главниот дизајнер Џон Велс ќе се договара посебно со секој иден сопственик околу деталите на возилото. Во меѓувреме е изработен и првиот примерок од „GT“, лакиран во мајами-сино. Според Morgan, оваа боја особено го истакнува агресивниот стил на специјалната серија.

Интересот за марките како Morgan расте, особено откако супермарките почнаа да произведуваат во големи серии – за производителите во големи серии на коишто им припаѓаат

Емајлираните беџови „GT“ се изработени рачно и се само еден од деталите што можат да ги поседуваат единствено автомобилите од британските мануфактури. Директорот Стив Морис коментира: „Секој Morgan се произведува според точна спецификација и посебно за секој клиент. Првиот Aero GT што излегува од производство изгледа супериорно во секој поглед.“

Неколку сцени од штандот на Morgan Motor во Женева

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Morgan Motor na salonot vo Zeneva 2018

Како што има разлика меѓу виски и шкотско виски, така има разлика и меѓу автомобил од големосериско производство и Morgan

[/tie_slide]

[tie_slide]

Morgan Motor na salonot vo Zeneva 2018

Morgan Plus 8 во специјално издание за 50-годишнината.

[/tie_slide]

[tie_slide]

Morgan Motor na salonot vo Zeneva 2018

Morgan е една од неколкуте марки што му даваат шарм на салонот во Женева

 [/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Morgan е најстар производител на автомобили во приватна сопственост во светот. Во цел еден век и уште девет години постоење, компанијата лани произведе 850 возила. Повеќе од две третини од нив се испорачани преку 60-те застапништва во 32 држави.

Технички податоци · Morgan Aero GT

Мотор

BMW 4799 ccm V8 ( BMW N62)

Менувач

BMW, мануелен со 6 степени

Моќност

372 КС

Вртежен момент

490 Nm

0-100 km/h

4,5 s

Крајна брзина

273 km/h

Сооднос моќност / тежина

315 КС / t

Потрошувачка (град / пат / просек)

18,2 / 8,7 / 12,11 L/100 km

CO2

282 g/km

Должина х ширина х висина

4147 х 1751 х 1248 mm

Сува тежина

1180 kg

 

Олдтајмер свеж од салон: Morgan AR Plus 4 за 65-годишнината

Легендарниот Morgan 3 Wheeler во изведба со погон на струја

Салонот во Бремен ја отвори сезоната на олдтајмери

Овие марки може да се сретнат само на салонот во Женева

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
24 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format