за ,

Најскапите олдтајмери во светот се собираат месецов во Калифорнија

Пебл Буч тура олдтајмери

За десетина денови започнува автомобилската недела во Монтереј. Пристигаат скапи олдтајмери кои шест аукциски куќи се надеваат да ги продадат за вкупно половина милијарда долари. Има и нови автомобили.

Автомобилските фанови со милионски сметки во банки секоја година во доцно лето се собираат на калифорнискиот полуостров Монтереј. Таму уште од 1950 година се одржува Неделата на класичните автомобили во Монтереј. Денес тоа е еден од најголемите автомобилски спектакли со светот. На настанот се појавуваат и најновите модели, но тоа што особено го привлекува вниманието се старите автомобили што светската сцена ги цени на десетици милиони долари.

Годинава во Монтереј ќе се наддава за олдтајмери во вкупна вредност од половина милијарда долари

Централен настан е таканаречениот Натпревар во елеганција на Пебл Бич, кој годинава се одржува на 26-ти август и на когошто му претходи богата еднонеделна програма од настани и аукции. „Пебл“ денес е несомнено најважниот собир на олдтајмери во светот. Историските автомобили се оценуваат според оригиналноста, техничката вредност, стилот и елеганцијата.

Ревијалното возење се одвива по крајбрежниот пат „17-Miles-Drive“ на полуостровот Монтереј, когошто многумина го ценат како една од најубавите делници на брегот на Калифорнија. Патот води низ одушевувачка и недопрена природа, а задоволството за возење по него чини 10,25 долари.

Недела на олдтајмерите во Монтереј

Цените буквално експлодираат за време на одржувањето на „Конкурс д’Елеганс“, за сé. Паркинг и следење на ревијалното возење од редиците што се создаваат покрај патот чини 375 долари. За влез во шаторот кадешто потоа се изложуваат скапоцените олдтајмери се потребни 825 долари, вклучувајќи шведска маса, пијалоци и ВИП-третман. За 2.500 долари може да се пристигне на настанот во последен час, а притоа да чекаат слободни места во првите редови. Овие влезници се распродадени уште од лани.

За време на Неделата на класичните автомобили во Монтереј (од 17-ти до 26-ти август) главниот збор го имаат најреномираните аукциски куќи во светот. Само Сотби лани продаде автомобилски скапоцености во вредност од 133 милиони долари. Бидејќи за годинава е најавен многу поголем број на вредни сведоштва од автомобилската историја, шесте аукциски куќи очекуваат дека ќе касираат најмалку половина милијарда евра.

Ferrari 250 GTO Scaglietti се очекува да се продаде за најмалку 45 милиони долари

Највисока цена во Монтереј постигна Сотби, за Aston Martin DBR1, произведен во 1956 година. Британскиот благородник лани беше продаден за 22,55 милиони долари. Рекордот ќе паѓа годинава. Само знаменосецот на Сотби, Ferrari 250 GTO од Scaglietti, се очекува да достигне вредност меѓу 45 и 60 милиони долари.

Вториот ас на Сотби не е многу послаб. Aston Martin DP 215 Grand Touring Competition Prototype од 1963 година се цени меѓу 18 и 22 милиони долари. За најскапиот Mercedes-Benz, за тркачкиот болид AMG CLK GTR од 1998 година, Сотби бара 5 милиони долари.

Само оваа куќа пристига со 150 автомобили, во вредност од најмалку 230 милиони долари. Од спортската марка од Модена пристигаат 29 автомобили, а повеќе од половината од нив се цени на повеќе од еден милиони долари.

Ferrari 250 GTO by Scaglietti (1962)

Официјалната аукциска куќа на Пебл Бич Конкурс д’Елеганс, Gooding & Company, очекува 148-те возила да ги отуѓи за вкупно 168 милиони долари. Нивниот знаменосец е Ferrari 275 GTB/C од 1966 година, проценет на 13 милиони долари. Најзастапена марка кај оваа аукциска куќа не е Ferrari, туку е Porsche, со 30 автомобили или за пет повеќе од италијанската марка.

Малку поскромна е понудата на британскиот Бонамс. Нивниот најскап автомобил е Mercedes-Benz 540 K Sports Roadster од 1937 година, вреден меѓу 3,5 и 4,5 милиони долари. Вториот најскап модел му е испорачан на американскиот сопственик лани во август и има поминато само 800 километри – Bugatti Chiron. Тој се цени меѓу 3,3 и 3,9 милиони долари.

Lamborghini Centenario LP770-4

Тука се враќа инвестицијата во уникатните и ексклузивни автомобили: Lamborghini Centenario LP770-4 од 2017 година „оди“ на три милиони долари

Јангтајмерите се специјалност на Мекам, американски аукциски гигант од Висконсин. Во нивниот возен парк од 600 автомобили, посебно се издвојува Lamborghini Centenario LP770-4 од 2017 година, проценет меѓу 2,75 и три милиони долари. Кај олдтајмерите привлекува внимание Porsche 550 A Spyder, вреден меѓу 4,5 и пет милиони долари.

Нормално е што автомобилските сладокусци сакаат да видат и малку свеж метал во рамките на автомобилската недела во Калифорнија. Audi на 23-ти август ќе го претстави концептот на суперспортски автомобил со погон на струја, на патеката Лагуна Сека, којашто е на половина час возење од Монтереј. Дизајнот на Audi PB18 e-tron исто така потекнува од Калифорнија, од студиото на Audi во Малибу.

Мапата на сите настани што се одржуваат во „Неделата на класичните автомобили во Монтереј“

мапа на турите на Пебл Бич

Уникат кој штотуку ќе добива на вредност: Citroën DS 21 Chapron Le Léman Coupé 1966, со реставраторот Винсент Креша

Citroën DS 21 Chapron Le Léman Coupé 1966, Vincent Crescia

Ferrari 275 GTB/C од 1966 година, проценет на 13 милиони долари

Ferrari 275 GTB C (1966)

Mercedes-Benz 540 K Sports Roadster од 1937 година, вреден меѓу 3,5 и 4,5 милиони долари

Mercedes-Benz 540 K Sport Roadster (1937)

Porsche 550 A Spyder, вреден меѓу 4,5 и пет милиони долари

Porsche 550A Spyder (1955)

Aston Martin DP 215 Grand Touring Competition Prototype од 1963 година се цени меѓу 18 и 22 милиони долари

Aston Martin DP215 Grand Touring Competition Prototype (1963)

За тркачкиот болид AMG CLK GTR од 1998 година, Сотби бара 5 милиони долари

Mercedes-Benz AMG CLK DTM

Bugatti Chiron со само 800 поминати километри од лани се цени меѓу 3,3 и 3,9 милиони долари

Bugatti Chiron

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Топ 10 · Овие модели се најлош избор на користено возило

Топ 10 · Овие модели се најлош избор за користено возило

Ford ерго станица

Што имаат заедничко спортисти, дизајнери на видеоигри и работници на Ford?