Вредни олдтајмери, тркачки автомобили и обични автомобили што некогаш биле во сопственост на музички ѕвезди или принцови, во петок одат на наддавањето што прочуената аукциска куќа Којс го организира во Монако. Сто автомобили во вкупна вредност од преку 20 милиони евра ќе се сместат на прочуената локација за настани од ваков вид, Еспас Фонтвие.
Којс вторпат годинава организира аукција од толкав обем, што е јасен знак дека на сцената на скапите и ретките историски автомобили е раздвижено како никогаш досега. Првиот настан беше во Есен, за време на салонот на олдтајмери Техно Класика. Тоа не значи друго, освен дека цените растат. На настанот ќе пристигнат купувачи од цела Европа, на коишто организаторот им гарантира дека возилата се во врвна состојба и со правилно одржување само ќе добиваат на вредност со текот на времето.
Ferrari 308 од „покуќнината“ на славниот италијански возач во формула 1, Микеле Алборето
Во каталогот за аукцијата се појавува Lamborghini Miura P 400 од 1967 година или Ferrari 308, којшто доаѓа директно од колекцијата на славниот возач во формула 1, Микеле Алборето. Miura е во сопственост на тексашкиот милијардер Хју Халд Помладиот и се проценува на 800.000 евра, додека новиот сопственик на Ferrari 308 се очекува да плати меѓу 90 и 120 илјади евра. Автомобилот долги години се наоѓал во дневната соба на славниот италијански возач.
„Фиќо“ со ваква табла чини најмалку 40.000 евра на наддавањето во петок – затоа што е Abarth 850 TC од 1961 година
Под чекан одат и модели со рели-педигре, како Alpine 1600SC од 1973 година, со вредност проценета на 100.000 евра. Има и свежо прославени автомобили, како Ferrari 488 GTB Tour De France, кој е дел од поставата на Маранело за одбележување на 70-годишнината на марката.
Голем интерес треба да предизвика и Lamborghini Espada S1 од 1969 година, со уникатен покрив од плексиглас и дел од колекциајта на Фабио Ламборгини, којашто експертите на Којс ја проценуваат меѓу 550.000 и 750.000 евра.
Наша најискрена препорака пред разгледувањето на каталогот за наддавањето во Монако: Одвојте најмалку еден час време
Lamborghini со благослов од Папата Францис оди на наддавање
Ferrari го најавува најголемото наддавање во историјата на марката
Олдтајмери вредни 20 милиони евра бараат нови сопственици на Техно Класика
Камионите се подобри олдтајмери
Alfa Romeo владее на сцената на олдтајмери во Јапонија
На овие олдтајмери најмногу им пораснала вредноста