146
19 shares, 146 points

Како што најавивме претходно, денес во Лондон е претставена 13-та марка на Volkswagen, како прва марка во концернот којашто не се однесува на производство на автомобили, туку на услуги за мобилност. Moia ги спојува автомобилите со новиот свет на мобилноста. Целта е марката да стане водечки понудувач на овие услуги до 2025 година.

На конференцијата за технологија Tech Crunch Disrupt во Лондон, концернот Volkswagen денес го претстави новиот огранок Moia, како претпријатие коешто ќе се посвети на услугите за мобилност. Што точно ќе нуди Moia, најдобро објаснува шефот на концернот, Матијас Милер: „Дури и кога во иднина повеќе нема секој да поседува сопствен автомобил, со Moia сакаме да придонесеме секој да биде клиент на нашето претпријатие на еден или друг начин.“

Со влегувањето во светот на дигиталните услуги за мобилност, Volkswagen преку својата 13-та марка Moia има цел да стане водечки понудувач на овие услуги до 2025 година. Седиштето на Moia е во Берлин, кадешто услугите за мобилност ќе се осмислуваат самостојно или во партнерство со градовите и постоечките системи за превоз. Секако дека и автомобилските марки во концернот Volkswagen паралелно ќе ги нудат услугите на Moia.

Со Moia сакаме да докажеме дека иновативните решенија за мобилност се можни и надвор од Силиконската долина.

Оле Хармс, шеф на Moia

Во светските метрополи веќе со години опстојува трендот на „мобилност на повик“, односно постојано расте кругот на луѓе коишто повеќе не се заинтересирани да поседуваат сопствен автомобил, туку сакаат да го користат само по потреба и со соодветен надомест за користење. Moia ветува дека нејзините услуги ќе бидат лесни за користење, по достапни цени.

Најголемиот потенцијал во моментов е во повикувањето превоз преку мобилна апликација, таканаречен Ride Hailing – слично на Uber. За таа цел, Volkswagen претходно воспостави партнерство со Gett, еден од водечките понудувачи на превоз по повик. Gett во меѓувреме има корисници во повеќе од 100 градови низ светот, со можност за повикување возило, нарачка на достава или користење услуги од логистиката. Оваа соработка досега има напредувано најмногу во Москва, а наскоро ќе следат и други градови.

Второто поле во коешто Moia ќе ја концентрира својата понуда е користење на таканаречените Pooling Services со повикување преку апликација, познато и како connected commuting. Тука станува збор за комплетни решенија за транспорт, коишто имаат за цел да ја подобрат ефикасноста на индивидуалниот и на јавниот превоз надвор од границите на градовите.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
19 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743