за

Мобилниот телефон ќе го замени клучот за возилото

digitalen kluc za avtomobil telefon
digitalen kluc za avtomobil telefon

Отклучувањето на вратите и стартувањето на моторот додека телефонот е во џеб ќе прерасне во стандард во сите класи возила во следните неколку години. Но, ќе има и бројни нови функции, на пример, дигиталниот клуч ќе може да се „позајми“ за еднократно отворање на багажникот, за службите за достава да ја остават пратката.

Одредени модели на автомобили од пред неколку години може да се отклучуваат преку мобилниот телефон, но притоа е неопходно телефонот да се држи во раце и да се ракува со посебната мобилна апликација. Во блиска иднина, телефонот ќе може да остане в џеб, а возилото ќе се отклучува автоматски. Добавувачот Bosch најавува дека првите возила од сериско производство со оваа техника ќе се појават прво во Кина, веќе в година, а во 2022 година и во Европа. Станува збор за посебна техника што мора да е вградена во возилото, односно истата не може да се додаде подоцна.

Телефонот во исто време ќе испраќа до возилото и информации за корисникот, односно седиштето автоматски ќе се намести како што таа и тој сака, ќе се пушти омилената музика и ќе се избере вистинската температура на климатизацијата. Овие дигитални или виртуелни клучеви ќе може да се споделат и со семејството или пријателите, а ќе може и да се направи тие да важат само на одредена локација. Така се овозможува, на пример, службите за достава на пакети еднократно да го отклучат возилото и пратката да ја остават внатре. За новите возачи, пак, може да се ограничи брзината на возење и силината на музиката.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Најважно е тоа што безбедноста на системите напредуваше значително. Во случај на кражба или губење на телефонот, виртуелниот клуч може веднаш да се блокира.

Електронскиот клуч во мобилниот телефон во следните години ќе почне да се нуди во сите класи возила. Срце на новата техника е т.н. серверски-бекенд, во когошто се запишани сите податоци од клучот и протоколите за пристап.

Така некогаш изгледаше иднината, со картичката на Renault. Наскоро телефонот ќе ја врши таа функција, но и многу други
New photo by Automedia MK / Google Photos

Единствено е неопходно паметниот телефон да биде поврзан на интернет при регистрацијата и потрдувањето на клучот. За техниката да функционира е доволно во батеријата на телефонот да има доволно енергија. Врска со интернет понатаму не е потребна, што е важно за техниката да функционира, на пример, кога се паркира во подземна гаража.

Виртуелниот клуч допира до самиот имобилизатор, а тоа бара врвна безбедност на техниката. Поради тоа, мора да се користи безбедносен елемент ист како кај банкарскиот софтвер. Некои производители на телефони сепак не ја подржуваат оваа техника.

Дигитален клуч за автомобилот. Со Near Field Communication (NFC) може возилото да се отклучи, заклучи и стартува, без каков било допир. За новиот Mercedes A-Class во Германија првпат е достапен посебн налепница со вграден NFC-контролер
New photo by Automedia MK / Google Photos

Во Mercedes планираат уште долги години да го нудат физичкиот клуч за возилото, додека отклучувањето со мобилен телефон со помош на технологијата Near-Field-Communication (NFC) ќе стои на располагање како опција.

Повеќето телефони го поседуваат чипот што е неопходен за NFC, кој фактички го овозможува самиот пренос на податоци меѓу уреди на кусо растојание. За таа цел сепак е потребно телефонот да се допре до рачката на вратата. Во иднина ќе има други технологии, со кои телефонот може да остане в џеб. Возилото се отклучува дури кога со дланка ќе се допре рачката. Покрај тоа, NFC-намотката дејствува и кога е празна батеријата на телефонот.

BMW исто така нуди пристап без клуч и тоа веќе десетина години. За тоа е потребна апликацијата BMW Connected, но и физичкиот клуч мора да е присутен, за моторот да може да стартува на копче. Од ланскиот јули, BMW нуди и дигитален клуч со проширен комфорен пристап.

Се сеќавате на звуците од привезокот, другите клучеви, од механизмот на бравата, што претходеа пред фактичкото стартување на моторот?
New photo by Automedia MK / Google Photos

Со доплата, новите X5, сериите 1 и 3, Z4 и „осумките“, може да се отклучат преку телефон. За отворање е потребно телефонот со NFC да се допре до рачката на вратата. Потоа телефонот се поставува во лежиштето за безчично полнење и моторот може да стартува, без потреба клучот да се наоѓа во возилото.

Предноста е во тоа што „клучот“ може да се препрати на друг корисник, може возилото да се позајми, но може и системот да се активира или деактивира додека сопственикот е оддалечен од стотици километри. Посебно се работи на безбедноста на овие системи. За таа цел е развиен Car Connectivity Consortium (CCC), како конзорциум што ги опфаќа сите авто-производители и поставува глобални стандарди и технологии за поврзување на телефонот со возилото.

Моментно се развива ултрашироко браново подрачје (UWB) за комуникација на мала оддалеченост. Многу новитети пристигаат во следните години во ова подрачје.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Десет секунди за провала во автомобил со пристап без клуч

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bosch organizacija besplaten prevoz zagadenost 2

Големи компании во Германија организираат бесплатен јавен превоз при загаденост

lexus concept tokyo motor show 2019

Lexus најавува електричен старт преку концептот за Токио