Mitsubishi веќе гради традиција на добри вести од германскиот пазар. Со 2.047 примероци, Space Star во мај бил најпродаван патнички автомобил на приватниот пазар во Германија.
Градскиот автомобил што досега трипати беше на тест кај нас, ни го остави истиот позитивен впечаток и пролетоска. Во рамките на моделското освежување, наследникот на Colt – своевремено еден од хит-моделите на македонскиот пазар – доби нова маска во стилот на „динамичен штит“, односно како Eclipse Cross, ASX, Outlander и L200.
Јапонците го конструираа актуелниот Space Star со цел да се понуди достапен и штедлив модел, едноставен и евтин за одржување, издржлив, со комотна кабина и добра опрема. Како пребирливи купувачи, Германците ги препознаваат овие предности на градскиот Mitsubishi. Покрај првото место на приватниот пазар, Space Star поминува добро и во вкупната продажба, којашто ги вклучува и автомобилите што се регистрираат на име на фирма. Со вкупно 2.595 примероци, „ѕвездата“ е деветти најпродаван модел на германскиот пазар во мај.
Марката со трите дијаманти во минатиот месец пласирала вкупно 4.146 автомобили во Германија и моментно е втора најпродавана јапонска марка на големиот пазар, по Toyota. Најголемиот дел од продажбата е на приватниот пазар, со 3.029 продадени возила.
Продажба на патнички автомобили на Mitsubishi на германскиот пазар
Мај ’20 |
Јан-мај ’20 |
|
SPACE STAR | 2,591 | 8,840 |
ASX | 652 | 3,086 |
ECLIPSE CROSS | 474 | 3,569 |
OUTLANDER | 420 | 4,070 |
ДРУГИ | 2 | 3 |
ВКУПНО | 4,139 | 19,568 |