за

Mitsubishi најави моделско освежување за Space Star

mitsubishi space star
mitsubishi space star

Моделското име што често се слуша како препорака од познавачи на кои може да им се верува, наскоро ќе се појави со нов изглед. Mitsubishi Space Star во рамките на моделското освежување ќе го добие „динамичниот штит“, како заштитен знак на јапонската марка.

Mitsubishi го најави новото моделско годиште на својот најмалечок модел на европскиот пазар. Space Star наскоро ќе се појави со препознатливата дизајнерска шема за марката, што во основа се состои од впечатливи лакови под светлата и доминантно лого во маската со нагласени надолжни лајсни.

Mitsubishi Space Star се појави во 2013 година, конструиран како малечок, но способен градски автомобил, со штедливи мотори и богата опрема, сето тоа понудено по најконкурентна цена, конкретно за помалку од 9.000 евра на македонскиот пазар. По две години следеше првото освежување, а на 18-ти ноември претстои и следното моделско освежување.

На најавната фотографија со малку детали во изгледот, во заднина се забележува и лимузинската изведба на Space Star, којашто под моделското име Attrage меѓу другото се нуди во САД, Мексико и Австралија.

Претходникот Mitsubishi Colt во меѓувреме се докажува како еден од најиздржливите модели во категорија на старост меѓу 10 и 11 години

Актуелниот Space Star пристигна во моделската понуда на Mitsubishi на местото на Colt, кој постигна впечатлив успех и на европскиот пазар, а увозникот МакАуто Стар своевремено го промовираше и како службено возило на кошаркарската репрезентација, посочувајќи на просторната понуда на компактниот автомобил. Моделот во меѓувреме се докажува во статистиката на дефекти на германскиот TUV – поточно „не-дефекти“. Во категоријата на возила стари меѓу 10 и 11 години, Mitsibishi Colt е во класа со најиздржливите, покрај Toyota Yaris, па и Porsche 911.

View this post on Instagram

Почитувани, Се игра последната четвртина во која учествуваат уште само неколку возила MITSUBISHI ASX, со оваа акциска понуда. 15.980 € – поволни услови за кредитирање. За сите кои ни се придружија, благодариме на довербата! MITSUBISHI ASX – MVP, играч на годината ! ▶ LED дневни светла ▶ Сензори за паркирање ▶ Автоматски клима уред ▶ 16” алуминиумски тркала ▶ Одмрзнувач на ретровизори ▶ Бензински мотор 1.6 l, 117 КС ▶ Докажана економичност во секојдневното возење Закажете тест возење на ☎ 02 2580 408 ; 02 2580 409 или повеќе инфо на www.mitsubishimotors.mk

A post shared by Mitsubishi Motors Makedonija (@mitsubishimk) on

Тест: Mitsubishi Space Star 1.2 Invite

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

alfa romeo giulia

Alfa Romeo ќе биде марка со три СУВ-модели и Giulia

Lamborghini суперкондензатори

Lamborghini разви нови суперкондензатори: Нов поттик за електричниот погон