за

Mitsubishi со најголем раст меѓу сите марки во Германија

Mitsubishi со најголем раст од сите марки во Германија
Mitsubishi со најголем раст од сите марки во Германија

Продолжува „освојувачкиот поход“ на Mitsubishi на германскиот автомобилски пазар. Бројот на новорегистрирани автомобили од јапонската марка во јуни бил за 11,2 проценти повисок во споредба со истиот месец лани. Успехот е уште поубедлив ако се има предвид дека најголемиот автомобилски пазар во Европа, вкупно е за 32,3 проценти покус во споредба со лани. Со пазарен удел од 2,1 проценти, Mitsubishi е втора најзастапена јапонска марка во Германија, по Toyota.

Голем поттик пристига од Space Star. Исто како и во мај, скромниот, но солиден автомобил од класата на Polo, во јуни беше најпродаван автомобил на пазарот на приватни купувачи во Германија. Вкупно 2.276 возачки и возачи во земјата се решиле за најмалечкиот модел на Mitsubishi. Моделот постигнува висок пласман и кога во статистиката ќе се вклучат продажбите на Space Star на име на фирма. Во тој случај, на моделот му припаѓа третото место меѓу увозните модели во Германија.

Уште еден бестселер е плагин-хибридниот Outlander. Комфорниот и технолошки напреден СУВ повторно е најпродаван плагин во Германија и во Европа. Mitsubishi уште рано се придружи на бранот на електормобилноста, со i-MiEV, односно подоцна Mitsubishi Electric, од кого што лицентно се изработуваа верзии на Peugeot и Citroen. Од техно-знаменосецот годинава се продале над 3.700 примероци во земјата.

Mitsubishi е деветта најпродавана марка на приватниот пазар во Германија, со 3.158 продадени возила во јуни, односно 15.278 возила во првото полугодие.

Тест: Mitsubishi Space Star 1.0 Entry

Тест: Mitsubishi Eclipse Cross 1.5 Intense 2WD

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Corolla 2019 Hybrid Sedan test

Топ 10 Најпродавани автомобили во светот лани

Новиот Mercedes S-Class сликан со минимално маскирање

Новиот Mercedes S-Class сликан со минимално маскирање