115
16 shares, 115 points

Mitsubishi лани ја зголемил продажбата на европскиот пазар за четири проценти, со вкупно 171.906 продадени возила. Голем поттик пристига и од еден од најсвежо пристигнатите модели, пикапот L200. Најголема продажба сепак постигнуваат Outlander и Space Star.

Расте продажбата на Mitsubishi Motors на европскиот пазар. Марката со трите дијаманти успеа да ја зголеми продажбата на пазарот што поставува големи барања, иако заедно со браншата мораше да се соочува со тешки предизвици, како што беше воведувањето на новите норми за издувни гасови, со примена на нови системи на даночење, па и со политички немири.

На носечките 33 пазари на Mitsubishi во Европа беа пласирани вкупно 171.906 возила, вклучувајќи го и пикапот L200. Јапонската марка постигна поголем раст од просекот на целата бранша на европскиот пазар, кадешто во 2019 година се продадоа 15,81 милиони возила или за 1,2 процент повеќе отколку преклани.

Продажна статистика на Mitsubishi за Европа во 2019 година:

  • Mitsubishi Motors Europe (интерна статистика)
    33 држави, вклучувајќи го L200 · 171.906 возила, +4,0 %
  • Mitsubishi Motors во Европа (според европско здружение на авто-производители)
    ЕУ и ЕФТА, без пикапи · 138.003 возила, +3,4 %

Кросоверот ASX и пикапот L200 доживеаја моделско освежување пред крајот на минатата година и резултатите од тоа ќе се покажат во продажбата годинава. Уште еден модел што влезе освежен во моделското годиште 2020 е Space Star, од когошто исто така се очекува да постигне раст во продажбата.

Штедливиот и достапен градски автомобил и плагин-хибридната изведба на Outlander се најпродавани модели на Mitsubishi во Европа. Само овие два модели лани учествувале со 43% во продажбата на јапонската марка во Европа.

Технолошки предводник на Mitsubishi е изведбата на Outlander со плагин-хибриден погон, кој воедно е најпродаван модел со овој вид на погон во Европа. Од стартот во октомври 2013 година, големиот СУВ со приклучок за струја се продаде во 159.132 примероци на европскиот пазар. Најмногу примероци од моделот се продале во Германија, само во 2019 година таму биле пласирани 7.618 возила.

Германија е најголем пазар и општо за марката. Со 54.033 нови регистрации лани, вклучувајќи го пикапот L200, марката со трите дијаманти постигнала зголемување од 3,5 проценти. Mitsubishi шест години во низа бележи пораст на најголемиот автомобилски пазар во Европа.

Три осумки за новото моделско годиште на Mitsubishi Space Star


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

115
16 shares, 115 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *