159
21 shares, 159 points

Истражување во Велика Британија, спроведено меѓу возачите на плагин-хибридниот Mitsubishi Outlander PHEV, открива дека 22% од нив ја полнат батеријата 2 до 3 пати неделно, на 6% им е доволно еднаш во неделата, додека највисок удел со 56% имаат оние што полнат струја секој ден.

Англиските и германските автомобилисти како да се натпреваруваат кој ќе објави поинтересно и покорисно истражување. Моментно се во предност првиве. Mitsubishi спроведе истражување меѓу возачите на Outlander PHEV, за тоа колку често тие ја полнат батеријата во својот плагин-хибриден СУВ. Клучните бројки се следниве: 96% од возачите полнат најмалку еднаш неделно, 90% го прават тоа најмалку два или три пати, 68% полнат секој ден, 97% од возачите полнат дома.

Еден од четири возачи на Mitsubishi Outlander PHEV би размислил следниот автомобил да биде чисто на струја

Истражувањето меѓу другото ги разбива и предрасудите дека возилата со плагин-хибриден погон се купуваат единствено заради искористување на државните и други субвенции, и дека возачите ретко ги приклучуваат возилата на полнач, па дури и воопшто не го практикуваат тоа.

Како пречка за електромобилноста – иако плагин-хибридниот погон најгрубо може да се опише како комбинација од возило со погон на струја и возило со бензински мотор – обично се наведува недоволно изградената мрежа од полначи. Студијата покажува дека 97% од сопствениците полнат дома, а 23% по потреба ги користат и јавните полначи. Вториов податок ги оспорува и забелешките на возачите на електрични автомобили, кои реагираат дека нивните „полуелектрични“ колеги без потреба се приклучуваат на полнач и само го користат бесплатниот паркинг, попречувајќи ги возачите на електричните автомобили.

Mitsubishi Outlander PHEV е најпродаван автомобил со плагин-хибриден погон во Велика Британија, со околу 45.000 примероци досега. Во актуелното моделско годиште, големиот СУВ минува до 45 километри само на струја, според новата и реална норма WLTP. Потоа се вклучува бензинецот и овозможува досег ист како автомобил со обичен погон – поточно, досег со обичен резервоар, плус досег со енергијата во батеријата.

Колку често возачите на Mitsubishi Outlander PHEV ја полнат батеријата?

Двапати дневно или повеќе

11%

Еднаш дневно

56%

2 до 3 пати неделно

22%

Еднаш неделно

6%

Еднаш на две недели

1%

Еднаш на секои 3-4 недели

1%

Поретко од еднаш месечно

1%

Никогаш

1%

Mitsubishi го прикажува идниот Outlander во Женева?

Eclipse Cross го врати немирниот дух на Mitsubishi

Volkswagen и Renault водечки, Dacia и Mitsubishi со најголем раст во Европа

Eclipse Cross стартува со продажба: Сé од Mitsubishi, во едно

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

159
21 shares, 159 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *