151
20 shares, 151 points

Во шумите во германската покраина Баден Виртемберг ќе патролираат возила Mitsubishi Outlander со хибриден погон. Управата под чијашто надлежност спаѓа прочуениот Шварцвалд нарача 50 примероци од СУВ-крстосувачот со плагин-хибриден погон. Околу две петини од површината на покраината се под шуми. Локалните власти внимаваат стопанисувањето со шумите да биде крајно одржливо.

Возилата на шумската управа во германската покраина Баден Виртемберг нема да го нарушуваат природниот биотоп. Педесетина примероци од Mitsubishi Outlander PHEV, верзијата на јапонскиот СУВ со плагин-хибриден погон, отсега се во служба на управата што меѓу другото се грижи и за светски прочуениот Шварцвалд.

Предавањето на новите возила се случуваше пред историската кулиса на замокот во Бебенхаузен. Посебноста на Outlander PHEV е во тоа што возилото може да мине неколку десетина километри и чисто со погон на струја, пред да се вклучи бензинскиот мотор, односно да се воспостави хибриден погон. Секако дека германските шумари внимаваат и струјата што ќе се користи за полнење на батеријата да потекнува од обновливи извори.

Во 21 шумски реони и 3 сервисни точки ќе се постават нови полначи за струја. Тоа ќе биде уште еден чекор во насока на помасовно воведување и промовирање на електричниот погон.

При очекувана годишна километража од 15.000 километри, со користењето на можноста за возење на струја, животната средина ќе се поштеди од 2 тони СО2 по возило во текот на една година. Тоа значи дека вкупната заштеда од сите возила ќе изнесува околу 100 тони.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
20 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *