за

Хибридниот Mitsubishi Outlander надмина 20.000 продажби во Европа

mitsubishi outlander phev

Mitsubishi Outlander PHEV и по три години од премиерата е единствен модел со плагин-хибриден погон надвор од скапиот премиум сегмент. Оваа ексклузивност се одразува во продажбата, и титули не недостигаат

Mitsubishi Outlander PHEV и натаму ужива во „самотијата“ во сегментот на СУВ моделите со плагин-хибриден погон, надвор од премиум сегментот. Освен Јапонците, понапредната варијанта на хибридниот погон, којашто дозволува надворешно полнење на батеријата и досег на струја од преку 50 километри, во случајот на Outlander, се нуди само уште во Mercedes GLC и GLC Coupe, како и во Volvo XC60.

Споредбата на цените точно посочува на најголемата предност на Mitsubishi. Според германскиот пазар, најскап е Volvo со околу 67.500 евра, следи Mercedes со најмалку 51.000 евра, додека ценовниот праг кај Outlander е далеку под 40.000 евра. Повеќето држави имаат и масивни субвенции за PHEV-изведбите, кои се водат како електрични возила. Во меѓувреме пристигаат и нови признанија за јапонскиот СУВ со две срца – поточно три, затоа што има два електромотора во погонската спрега.

СУВ на 2019 година според американскиот „Green Car Journal

На актуелниот „Аутомобилити“, како што гласи новото име на салонот во Лос Анџелес, Mitsubishi Outlander PHEV ја понесе наградата за „најеколошки СУВ на 2019 година“ според „Green Car Journal“. Жирито посебно го цени тоа што автомобил со примерен еколошки баланс се нуди по цена што е достапна за широк круг купувачи.

Успехот на хибридниот Outlander го потврдува и канадскиот пазар, кадешто до ноември се продадени 5.052 примероци. Тоа е првпат модел со плагин хибриден погон да надмине продажба од пет илјади примероци. Секако, тоа на Mitsubishi му ја обезбедува титулата на најпродаван плагин-хибрид во Канада.

Mitsubishi Outlander PHEV

Европа веќе традиционално го обожува големиот СУВ-модел со трите дијаманти. До ноември се продадени 21.634 примероци, што претставува зголемување од 22% во споредба со истиот период лани. Речиси една третина од вкупната продажба отпаѓа на Велика Британија, кадешто моделот наиде на одлична прифатеност уште од старт.

Како врв на „жетвата“ на награди, хибридниот модел неодамна победи и во категоријата на возила со алтернативен погон во изборот на специјализираниот германски магазин за теренски возила „Off Road“. Тоа е награда што е освоена со гласовите на читателите, кои избираа меѓу 170 теренски модели во 13 различни категории – тоа прави наградата да биде уште повредна.

Mitsubishi Eclipse Cross избран за кросовер на годината во Германија

Mitsubishi Eclipse Cross во служба на италијанската полиција

Хибридниот Outlander е тивкиот шампион на Mitsubishi

По хибриден погон отсега и во Honda

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

течен метан конзорциум, iveco

Течниот метан на пат да стане стандардно гориво во камионскиот транспорт

Dacia Dokker

Шампион во сенка: Dacia Dokker на автогас и со „попуст“ во серија