за

Плагин хибридот на Mitsubishi најдобар избор на користено според DrivingElectric

Mitsubishi Outlander PHEV DrivingElectric
Mitsubishi Outlander PHEV DrivingElectric

Mitsubishi Outlander PHEV е прогласен за најдобар избор на плагин-хибрид како користено возило за 2020 година според влијателниот британски магазин за електромобилност DrivingElectric.

Британскиот магазин и вебсајт DrivingElectric е познато име кога станува збор за информации и корисни совети околу изборот на автомобил со електричен погон и возачкото секојдневие со погонот на струја. Од увозникот на Mitsubishi Motors во земјата коментираа дека им претставува особена чест што експертите од магазинот го избраа Outlander PHEV.

Како еден од првите СУВ-модели со плагин хибриден погон на пазарот, тој е најпродаван модел со овој вид на погон на британскиот пазар. Со наградата од DrivingElectric, се потврдува дека предностите на хибридниот погон во поглед на намалувањето на оперативните трошоци, и секако, намаленото влијание врз животната средина, остануваат и по повеќе години, кога Outlander PHEV ќе се појави на пазарот на користени возила.

Близу 50.000 примероци се регистрирани од Mitsubishi Outlander PHEV од 2014 година само во Велика Британија

Од 2014 година, во Велика Британија се регистрирани близу 50.000 примероци од Mitsubishi Outlander PHEV, со што тој е најпопуларно возило во сегментот на плагин-хибриди. Во реални услови на возење, батеријата испорачува енергија за повеќе од 40 километри само со погон на струја, додека емисијата на СО2 изнесува само 46 g/km.

Неодамнешното истражување откри дека 68% од возачите на Outlander PHEV ја полнат батеријата еднаш дневно, додека на 90% им се доволни и 2 до 3 пати во неделата. Препорака за автомобилот би дале 83% од сопствениците, а една четвртина од возачите имаат предвид следното возило да им биде само на струја.

Mitsubishi L200: Цврст како Pajero, удобен како Galant

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BYD T3 електрично комбе

Електрични такси-комбиња ќе возат во Џакарта и Бали

BMW i8 20k proizvodstvo

BMW произведе 20.000 примероци од „суперхибридниот“ i8