161
25 shares, 161 points

Mitsubishi Outlander PHEV беше првиот плагин-хибрид што наиде на поголема прифатеност меѓу возачите во Велика Британија веднаш по неговиот пазарен старт во 2014 година. Комфорниот кросовер ја зголемуваше продажбата постојано, почнувајќи од 1.500 примероци, на повеќе од 13.000 примероци за една година. Со повеќе од 36.800 продадени примероци оттогаш, верзијата на Outlander со приклучок за полнење на батеријата убедливо води во својата категорија на големиот британски пазар.

За популарноста на моделот меѓу британските возачи сведочи фактот што продажбата а Mitsubishi во првите четири месеци се зголеми за преку 12%, во услови кога целиот пазар бележи раст од 8,8 проценти. Голема заслуга за тоа има Outlander PHEV, секако покрај Eclipse Cross, којшто стартуваше неодамна.

Фирмите во Британија за Mitsubishi Outlander PHEV плаќаат повластен данок од 13 проценти, а не се плаќа и таксата за влез во центарот на Лондон

Електричниот“ Outlander не минува без повластици. Фирмите за него плаќаат повластена даночна стапка од само 13%, а не се плаќа и таксата за влез во потесното централно подрачје на Лондон, како и патарина во период од една година.

Голем дел од купувачите се решаваат и поради тоа што Outlander PHEV е меѓу ретките модели што и при погон на сите тркала можат да возат само на струја. Досегот само со енергијата во батеријата изнесува 53 километри. При користење брз полнач, батеријата се полни за помалку од половина час, додека при користење на сопствениот полнач во возилото и на куќен приклучок за струја, времетраењето изнесува три и пол часови.

Mitsubishi е пионер во воведувањето на електричниот погон во понудата на македонскиот пазар. За присетување на нашиот тест на електричниот Mitsubishi i-MiEV молиме посетете го следниов линк.

Mitsubishi ги лови фановите на Evo на шарм

Mitsubishi Outlander PHEV надмина 100.000 продажби во Европа

Првиот контингент од Mitsubishi Eclipse Cross патува кон Европа

Honda CR-V Hybrid во трка против бестселерот Mitsubishi Outlander PHEV

Mitsubishi Outlander PHEV е најпродаван плагин-хибрид на европскиот пазар


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
25 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *