140
19 shares, 140 points

Во четвртата година од неговото пристигање на пазарот, Mitsubishi Outlander PHEV ја достигна звучната бројка од 100.000 продадени примероци на европскиот пазар. Кросоверот со плагин хибриден погон во меѓувреме учествува со повеќе од 10% во вкупната продажба на марката на континентот.

Во почетокот, Outlander PHEV беше достапен само во Холандија и во скандинавските земји, како европски лидери во електромобилноста, но набрзо се покажа дека и на останатите пазари има голем интерес за тогаш единствениот кросовер со плагин хибриден погон. Во изминативе три години, тој е најпродаван модел со овој вид на погон во Европа.

Тоа што Toyota RAV4 Hybrid и Lexus NX 300h се меѓу хибридите во сегментот, Mitsubishi Outlander PHEV е меѓу плагин-хибридите

Конкурентите во меѓувреме почнаа да реагираат и на Outlander му се придружија Mercedes GLC / GLC Coupe и Volvo XC60, но јапонскиот автомобил го задржува водството. Имајќи предвид дека овие два модела се од премиум сегментот, Outlander практично е единствен кросовер со плагин хибрид во средната класа. Лани, тој беше најпродаван PHEV-модел во Велика Британија, Норвешка и Шпанија.

Според Mitsubishi, кросоверот со PHEV погонска технологија е сублимат од останатите пионерски чекори на марката: Погон на сите тркала во 1936, електричен погон во 1966 и спортски теренец во 1982 година.

Швајцарецот Феликс Еголф пред четири години извозе 700 километри со само 40,55 литри бензин, постигнувајќи просечна потрошувачка од 5,79 литри гориво на сто километри. Еден Велшанин го користи Outlander PHEV за надгледување на своето стадо овци, заради тивкиот погон, кога кросоверот вози на батерии.

Топ 10 пазари за Mitsubishi Outlander PHEV во Европа

(меѓу октомври 2013 и декември 2017)

Држава

Примероци

1

Велика Британија

34.108

2

Холандија

25.399

3

Норвешка

13.429

4

Шведска

9.957

5

Германија

6.743

6

Франција

2.580

7

Шпанија

1.941

8

Швајцарија

1.321

9

Португалија

795

10

Белгија

725

Honda CR-V Hybrid во трка против бестселерот Mitsubishi Outlander PHEV

Mitsubishi пред 100 години го произведе првиот јапонски автомобил

Mitsubishi Outlander PHEV е најпродаван плагин-хибрид на европскиот пазар

Седумдесет години од првиот пикап на Mitsubishi

Првиот контингент од Mitsubishi Eclipse Cross патува кон Европа

Тест: Mitsubishi Outlander 2.2 DI-D Instyle

Тест: Mitsubishi Space Star 1.2 Invite

Тест: Mitsubishi Electric Vehicle


Like it? Share with your friends!

140
19 shares, 140 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730