Националното гласило „Скотсмен“ го прогласи Mitsubishi Outlander PHEV за најдобар плагин-хибрид на шкотскиот пазар. Ова е веќе четврта титула на популарниот Outlander во земјата.
Шкотското национално гласило „Скотсмен“ по подолго тестирање на првиот спортски теренец со хибриден погон и надворешно полнење на батериите го прогласи Mitsubishi Outlander PHEV за најдобар плагин-хибрид за 2016 година. Според „Скотсмен“, Outlander PHEV претставува „одличен избор за секој што бара спортски теренец кој е лесен за џебот и добар за животната средина.“ Покрај тоа, Шкотите дадоа позитивни критики и за квалитетниот избор на материјали и за изработката, како и практичноста, просторноста и огромниот багажник. Тоа што најмногу го импресионираше „Скотсмен“ сепак е можноста со едно полнење на батериите да се поминат до 51 километри, што значи дека повеќето возачи можат да ја извозат вообичаената секојдневна рута без да потрошат капка гориво.
Половината од државните субвенции за чист погон одат за Outlander PHEV
Outlander PHEV моментно учествува со околу половина во субвенцискиот фонд што државата го издвои со цел да овозможи цената на електричните и плагин-хибридните возила да се приближи до возилата со конвенционален погон. Хибридниот Mitsubishi е најпродаван во својот сегмент во Велика Британија, со над 15.000 примероци од почетокот на годинава.
Mitsubishi го претстави освеженото моделско годиште на Outlander PHEV на салонот во Токио, во октомври годинава. Со техничките зафати во погонската спрега се намали потрошувачката на гориво од 1,9 на 1,81 литар на сто километри, а соодветно и емисијата на СО2 се смали од 44 на 42 g/km. При комбинирана работа на дволитарскиот бензинец и електромоторите, Outlander PHEV може да измине до 870 километри без запирање. Приватните купувачи во Велика Британија се ослободени од плаќање данок при регистрација на возилото.
Тест на Mitsubishi i-MiEV во Automedia
Претходно, Mitsubishi Outlander има освоено титула за најдобра алтернатива на дизел, најеколошки автомобил во изборот на технолошки иновации и најдобар службен автомобил со ултра-ниска емисија на штетни материи.
Mitsubishi Outlander PHEV во ценовникот на Мак Аутостар за македонскиот пазар изнесува 42.980 евра, вклучувајќи го ослободувањето од плаќање акциза и во врвното ниво на опрема Instyle Navi+. Изненадени сте од тоа што и Македонија има „субвенција“ за хибридните и електричните возила?