за ,

Mitsubishi Outlander PHEV е најпродаван плагин-хибрид во Германија

Во првите девет месеци од годинава, на големиот германски пазар на автомобили се продадени близу 1.700 примероци од Mitsubishi Outlander PHEV. Со тоа, хибридниот теренец со надворешно полнење на батериите е најпродаван „електромобил“ во земјата.

Со 1.696 новорегистрирани возила во периодот од јануари до септември годинава, Mitsubishi Outlander PHEV е најпродаван автомобил со хибриден погон со надворешно полнење на батериите на германскиот пазар. Заедно со електромобилот Mitsubishi EV, обата модела на Mitsubishi достигнале продажба од близу 1.800 примероци во првите три квартали од годинава. Тоа е двојно повеќе во споредба со истиот период лани.

Во деветте месеци, на германскиот пазар се продале близу 15.000 електрични возила и плагин-хибриди, од кои 6.700 се плагин-хибриди и 8.100 се автомобили со погон само на струја, односно со помошен генератор на струја.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Аферата Дизелгејт преоѓа во „Војна на правосмукалките“

You Won’t Believe What Happened During This Guy Photo Session