171
22 shares, 171 points

Секое десетто возило со електрифицирана погонска спрега продадено лани на европскиот пазар било Mitsubishi Outlander PHEV. Поголема продажба има остварено електричниот Renault Zoe, со 21.337 примероци или само 9 повеќе од Outlander. Тоа што шампионот на хибридниот погон Toyota отсуствува од овој сегмент се должи на фактот што Јапонците остануваат верни на класичниот хибриден погон – но, затоа лани продале близу 300.000 хибридни возила само во Европа.

Mitsubishi Outlander PHEV води неприкосновено на европскиот пазар на плагин-хибриди, односно автомобили со хибриден погон коишто располагаат со можност за надворешно полнење на батериите со приклучување на полнач за струја и со енергијата во батериите постигнуваат реален досег од околу четириесетина километри. Лани во Европа се продале 21.328 примероци од Outlander PHEV, со голема предност во споредба со второпласираниот Volkswagen Passat GTE со 13.248 примероци.

На јапонскиот семеен кросовер отпаѓаат 10,2 проценти од продажбата на возила со електрифицирана погонска спрега, што значи плагин-хибриди и електрични возила. Најголем пораст во продажбата во споредба со 2015 година постигнато VW Passat GTE, чијашто ланска продажба е зголемена трипати. Но, и купувачите во премиум сегментот сé почесто се решаваат за хибридниот погон. Голем напредок имаат забележано Mercedes C 350 e, Volvo XC90 PHEV, BMW 330e, BMW 225xe Active Tourer и BMW X5 40e, коишто воедно се наоѓаат во водечката десетка во сегментот.

http://automedia.mk/objavi/27142

Кај возилата со електричен, односно батериски погон, предводи Renault Zoe со 21.337 примероци, пред „сестринскиот“ Nissan Leaf (18.557) и Tesla Model S со 12.353 примероци. Големи промени се случуваат и во овој потсегмент, за што сведочат драстичните осцилации во продажбата, во корист на новите генерации електрични автомобили, со продолжен досег и оптимирана конструкција. Во споредба со 2015 година, зголемена е продажбата на Zoe и Leaf, исто како и на BMW i3, Mercedes B 250 e, на сметка на Tesla Model S, Volkswagen e-Golf, Kia Soul EV и Volkswagen e-Up.

Продажба на електрични возила во Европа

Место Марка Модел Продажба 2016 Удел Продажба 2015
1 Renault Zoe 21337 10,2% 18566  
2 Nissan Leaf 18557 8,9% 15345  
3 Tesla Model S 12353 5,9% 16643  
4 BMW i3 9726 4,6% 6216  
5 Volkswagen e-Golf 6666 3,2% 11170  
6 Kia Soul EV 4433 2,1% 5812  
7 Tesla Model X 3688 1,8% 0  
8 Mercedes B250e 3504 1,7% 2795  
9 Volkswagen e-Up! 2565 1,2% 2976  
10 Peugeot iOn 1893 0,9% 1477  
Останати 6536 3,1% 6762  

Продажба на плагин-хибридни возила во Европа

Место Марка Модел Продажба 2016 Удел Продажба 2015
1 Mitsubishi Outlander PHEV 21328 10,2% 31275  
2 Volkswagen Passat GTE 13248 6,3% 4819  
3 Volkswagen Golf GTE 11351 5,4% 17258  
4 Mercedes C350e 10231 4,9% 5858  
5 Volvo XC90 PHEV 9586 4,6% 2859  
6 BMW 330e 8702 4,2% 89  
7 Audi A3 e-Tron 6894 3,3% 12080  
8 BMW 225xe Active Tourer 5915 2,8% 266  
9 BMW X5 40e 5393 2,6% 1539  
10 BMW i3 Rex 5322 2,5% 5613  
Останати 20071 9,6% 18920  

Норвешка е најголем пазар за електрични и плагин-хибридни возила во Европа, со удел во вкупниот возен парк од 29% и 44.888 продадени примероци. Водечката тројка ја комплетираат Велика Британија (38.993) и Франција (29.205). Најголем пораст меѓу десетте најголеми пазари имаат забележано Белгија со 147%, Шведска (+54%), Австрија (+82%) и Шпанија (+60%).

Корисниците на електрични автомобили во Европа моментно имаат на располагање над 110.000 полначи за струја.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
22 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743