за

Најсветскиот модел на Mitsubishi: Нов L200 стартува во 150 земји

Mitsubishi L200 nov

Со продолжен век на експлоатација, уште поиздржлив и покомфорен, новиот Mitsubishi L200 пристига во неговата јубилејна 40-та година на пазарот. Близу пет милиони примероци се продадени досега

Новата генерација на пикапот Mitsubishi L200 ја доживеа својата светска премиера во Бангкок и веќе стартуваше со продажба во Тајланд и уште неколку земји во Југоисточна Азија, како најголем продажен регион за моделот. Mitsubishi L200 годинава ја одбележува својата четврта деценија постоење. Производството се одвива во фабриката Лаем Чабанг во Тајланд, како продукциски и дистрибутивен центар на Mitsubishi во регионот.

Mitsubishi L200 nov 8am#

Станува збор за модел од глобално значење, кој по стартот на регионалната продажба ќе се воведе и на пазарите во Океанија, Средниот Исток, Европа, Африка и Латинска Америка. На крај, пикапот ќе биде достапен во околу 150 држави.

Конкуренцијата во сегментот на Mitsubishi L200 се зголемува, приватните купувачи повторно ги сакаат пикапите

Во последните неколку години нагло се зголеми понудата од модели во категоријата пикапи со носивост до 1 тон. Камионетите повторно станаа интересни и за приватните корисници, што е главната причина за збогатувањето на понудата. Новиот Mitsubishi L200 го чекаат конкурентите Ford Ranger, Mercedes X-Class, Nissan Navara, Renault Alaskan, SsangYong Musso и Volkswagen Amarok. Еднотонски пикап понуди и Fiat, чијшто Fullback е идентичен со L200 од претходната генерација.

Mitsubishi L200 nov 7am#

Развојот на новиот L200, или Triton на јапонскиот пазар, беше раководен според принципот „Engineered Beyond Tough“. Тоа што ќе го двои пикапот на Mitsubishi од конкурентските модели е моќниот дизајн, унапредениот погон на сите тркала со подобрена теренска проодност и новите системи за безбедност и за асистенција. Голем напредок е постигнат во поглед на долготрајноста и издржливоста, на барање на професионалните корисници. На тоа се надоврзуваат и барањата за комфор и возни својства, кои доаѓаат од приватните корисници.

Пикапот на Mitsubishi има една од највпечатливите појави во сегментот, со дизајн во стил на Outlander или Eclipse Cross

Дизајнот во секој случај е погодок, како продолжение на актуелниот стил на „Dynamic Shield“. Високата хауба и високо поставените светла прават носот да изгледа помоќно и попретставително. Важен елемент е дополнителната светлосна група, којашто е позиционирана речиси во краевите на браникот, нагласувајќи на ширината на возилото. Странично се забележуваат карактерните рабови, проширените крила и острите рабови, кои заедно оддаваат робусност.

Mitsubishi L200 nov 2am#

Внатрешноста е редизајнирана, со арматурна табла што создава впечаток на робусност и модерен стил, заедно со отворите за воздух. Меките материјали на допир и штеповите во делот од конзолата меѓу седиштата, во потпирачите за рака и на паркирната сопирачка убедуваат во квалитетот на изработка.

Две веријанти на погон на сите тркала со подобрени перформанси при возење по терен и со избор од четири програми

Верзиите сопогон на сите тркала на новиот L200 располагаат или со понапредниот систем Super-Select 4WD, за оптимална тракција и стабилност на секаква подлога, или со Easy-Select 4WD, со можност возачот да избира меѓу погон назад, погон на сите тркала и возење со редукција на преносот.

Mitsubishi L200 nov 5am#

Двата система располагаат со новиот режим за теренско возење, со избор на чакал, кал/снег, песок и карпа (само за Super-Select). Различните програми го регулираат пролизгувањето на тркалата преку зафати во моќноста на моторот, во погонот и во сопирачките, за возилото да се ослободи од кал или снег. Отсега на располагање стои и помош при спуштање по надолнина.

„Светски модел“ затоа што нема пречка за него во светот: Носечка рамка и крута задна оска до бесконечност

Новата генерација на пикапот ја поседува издржливата носечка рамка од претходникот, заедно со кабина со висок степен на безбедност и со цела низа системи за асистенција: Самостојно сопирање при опасност од удар во возило или пешак, предупредување за мрвите агли, предупредување за возило од попреку при излегување наназад, приказ на возилото од птичја перспектива.

Mitsubishi L200 nov 9am#

Со вградување поголеми дискови и клипови за предната оска е скусен патот на сопирање и чувството во педалот за сопирање. Назад се вградени амортизери со поголем волумен масло, заради подобрување на комфорот на амортизација. Опцијалниот автоматски менувач, место пет степени на пренос сега има шест степени, што носи подобро забрзување и помеко префрлување на степените.

Дизелот од 2,4 литри и натаму доаѓа со Mivec-технологија, со варијабилна работа на брегастите вратила

За тековната деловна година – којашто во Јапонија се смета до 31-ви март – Mitsubishi планира да оствари продажба на 180.000 примероци од претходниот и новиот модел. Во ланската деловна година, L200/Triton беше втор најпродаван модел на јапонската марка на глобално ниво, по Outlander.

Mitsubishi L200 nov 4am#

Понудата и натаму се состои од три каросериски изведби: Единечна кабина (само 4WD и мануелен менувач), продолжена единечна кабина (само 2WD) и двојна кабина со четири врати и 2 реда седишта (2WD и 4WD).

Четирицилиндарскиот дизел од 2,4 литри располага со моќност од 181 КС и вртежен момент од 430 Nm при 2500/min. Посебност на овој мотор е Mivec-технологијата. Вториот мотор во понудата е бензинец, исто така со зафатнина од 2,4 литри, којшто е преземен без промени од претходникот.

Продажбата на европскиот пазар се очекува да стартува во средината на 2019 година.

Mitsubishi L200 nov 1am#

Технички податоци · Mitsubishi L200 (верзија за тајландскиот пазар)
  • Каросериска изведба со двојна кабина, погон на сите тркала

Мотор 4N15, дизел, турбо, комон-рејл, интеркулер, 4 цилиндри, 16 вентили, 2442 ccm, пречник х од 86,0 х 105,1 mm, моќност 133 kW (181 КС) при 3.500/min, вртежен момент 430 Nm при 2.500/min Должина 5300 mm, ширина 1815 mm, висина 1795 mm, меѓуоскино растојание 3000 mm, димензии на товарна платформа (Д х Ш х В) 1520 х 1470 х 475 mm, растојание од подлога 220 mm, висина на товарен поод 865 mm, агол на пристап/излез 31/23 степени, агол на рампа 23 степени, радиус на круг на вртење 5,9 m, управување со запчеста летва, предни тркала со независно водење со триаголни водилки и спирални пружини, назад круга оска со листести пружини, напред вентилирани дискови 320 mm, назад барабан, гуми 265/60 R18, резервоар 75 литри

Хероината на Mitsubishi повторно на Рели Дакар

Хибридниот Mitsubishi Outlander надмина 20.000 продажби во Европа

Mitsubishi Eclipse Cross избран за кросовер на годината во Германија

Mitsubishi Eclipse Cross во служба на италијанската полиција

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche kamion MAN eTGM Cufenhauzen

Електричен камион носи делови за електричниот Porsche

volkswagen fabrika emden

Volkswagen ќе гради фабрика во Бугарија или Романија?