131
19 shares, 131 points

Марката со трите дијаманти го конструираше шестото поколение на L200 како пикап за сите намени и сценарија, од способен камионет за работа, до комфорна „лимузина“ за семеен превоз и патување на одмор. За да го оправда концептот на Sport Ulitity Truck, Mitsubishi повторно вложи многу во безбедноста. Во оваа пресудна категорија, новиот L200 постигнува безбедност на теренец од класата на Pajero.

Mitsubishi е меѓу ретките марки што ја задржаа посебноста, привилегијата да изработуваат автомобили што се издвојуваат од масата. Лимузините на јапонскава марка беа спортски машини, теренците што беа галантни на асфалт, на терен беа незапирливи. Денес сцената признава лимузини само од премиум марките и СУВ место класичните теренци, но Mitsubishi пак ја задржа посебноста на својата понуда од модели.

Outlander вози со плагин-хибриден погон и упорно го држи врвот во продажбата во PHEV-сегментот со години наназад, ASX е кросовер во компакт класата и еден е од малкуте што се достапни со погон на сите тркала, Space Star не е незаинтересирано изработен малечок автомобил, туку и тој е создаден да биде посебен, а Eclipse Cross меѓу првите беше понуден како купе-СУВ, надвор од сегментот на ексклузивците GLE Coupe или X6.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Вниманието моментно е насочено кон новата генерација на пикапот L200, на моделското име што постои подолго од 40 години и досега се има продадено во повеќе од 4,7 милиони примероци. Инженерите го развиваа пикапот под мотото „Engineered Beyond Tough“, со намера да се понуди пикап што ќе поседува својства кои обично не се бараат кај возило од овој вид. Тоа што дополнително го нуди пикапот на Mitsubishi се комфор, врвна безбедност, и очигледно, стил.

Во концептот на „еден пикап за сé“ е посветено многу внимание во безбедноста; Уште претходниот модел покажа дека е на врвот во својата категорија

За погонската спрега и за погонот на сите тркала објавивме подетално при домашната премиера на L200. Тоа што остана спомнато само начелно, беше подрачјето на безбедноста, кадешто јапонската марка вложи многу – поточно, вложува многу, затоа што и претходните генерации на L200 се одликуваа со високо ниво на безбедност, меѓу другото потврдено и со двата теста на Euro NCAP.

Обемна примена на челик со висока цврстина во стратешките подрачја за безбедноста на L200
New photo by Automedia MK / Google Photos

Основа при изведувањето на каросеријата на секој модел на Mitsubishi, од лимузинскиот Galant од 1996 година наваму е концептот Rise, односно Reinforced Impact Safety Evolution. Станува збор за каросериска структура којашто е изведена да издржи удари од сите правци, воедно заштитувајќи ги патниците од дејство на прекумерна сила при судир, преку вешто програмирани зони на деформација. Исто како во претходните генерации, каросеријата е поставена на цврста и масивна рамка, којашто овие својства ги „пренесува“ и на каросеријата што ја носи.

Каросеријата се потпира на носечка рамка, со што се постигнува уште поголема крутост
New photo by Automedia MK / Google Photos

Уште во претходните генерации на пикапот масовно се користеа челични панели со висока цврстина во конструкцијата на кабината и на товарната платформа, со цел да се намали тежината и да се зголеми крутоста. Во шестата генерација на Mitsubishi L200, обемот на овие челични панели повторно е зголемен, особено во делот на кошот на моторот, во рамката на вратите и во праговите. Заедно со стратешкото поставување на изолација за блокирање на звуците и на вибрациите, крутата структура на пикапот придонесува возењето да биде потивко и покомфорно.

Претходната генерација на Mitsubishi L200 веќе имаше врвни оцени за безбедност на тестот на Euro NCAP; Деновиве се очекуваат резултатите од новата серија тестови на конзорциумот за проверка на безбедноста на автомобилите
New photo by Automedia MK / Google Photos

Развојното начело „еден пикап за сé“ доведе до тоа новиот Mitsubishi L200 да ги поседува истите системи за асистенција како Outlander или Eclipse Cross, со што понатаму се зголемува нивото на безбедност. Еден од тие системи е самостојното запирање при опасност од судир. Камера и ласерски радар во случај на опасност од судир прво звучно го предупредуваат возачот, а во случај тој да не реагира доволно брзо, сопирачките се активираат самостојно, со цел да се намали енергијата на судирот, а по можност и целосно да се избегне истиот. Вториот систем се базира врз радари со микробранови што се поставени во задниот браник и го предупредуваат возачот кога има друго возило во овој таканаречен „мртов агол“ зад возилото, преку трепкачот во ретровизорот и звучен сигнал.

Системите за асистенција се исти како во Outlander или Eclipse Cross
New photo by Automedia MK / Google Photos

Третиот систем исто така се базира на радарите со микробранови во задниот браник, кои следат дали наидува возило од попречен правец, кога L200 излегува наназад од паркинг. Тоа е од голема помош, покрај должината на пикапот од преку пет метри. Меѓу останатите системи што се достапни во камионетот на Mitsubishi се сензорите со ултразвук во предниот и во задниот браник, кои препознаваат дека има пречка директно пред или зад возилото и соодветно го предупредуваат возачот, во исто време ограничувајќи ја брзината при поаѓање или при враќање на возилото.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во техно-пикапот не недостига ниту систем од четири камери кои создаваат слика од горна перспектива, што е далеку над можностите на класичните сензори за паркирање. „Лимузинскиот“ карактер на L200 се потврдува и со каналите за воздух кои се изведени во таванот и го спроведуваат струењето на воздухот од предниот дел од кабината до задната клупа. Пристапот во возилото и стартувањето на моторот без клуч исто така се достапни во пикапот во повисоките нивоа на опрема, заедно со преклопување на ретровизорите.

Претходната генерација на Mitsubishi L200 мина со четири ѕвезди на краш тестот на Euro NCAP; Меѓу пикапите, единствено Mercedes X-Class ги има освоено сите пет ѕвезди

Подрачја во коишто се нанесени средства за заптивање
New photo by Automedia MK / Google Photos
Подрачје на дејствување на системот за надгледување на мртвите агли
New photo by Automedia MK / Google Photos
Спроведување на воздушното струење кон задниот дел од кабината
New photo by Automedia MK / Google Photos
Предупредување дека наидува возило од попречен правец при излегување од паркинг
New photo by Automedia MK / Google Photos
Чувствителноста на педалата за гас се намалува доколку има пречка пред возилото
New photo by Automedia MK / Google Photos
Светилка се вклучува во ретровизорите кога има возило во мртвите агли
New photo by Automedia MK / Google Photos
Работна средина како во СУВ
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Новиот Mitsubishi L200 пристигна во Макауто Стар: Пикапот станува модерен

Линк до страницата за L200 на Mitsubishi Motors Makedonija

L200


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

131
19 shares, 131 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *