128
18 shares, 128 points

Новото лице на моделите на Mitsubishi ѝ донесе награда за „Најдобар дизајн“ за јапонската марка. Овој избор има долга традиција и ужива висок углед во Јапонија. Награди освоија ванот Delica D:5 и минито eK Wagon. Двата модели не се достапни на европскиот пазар, но добро им се познати на фановите на јапонските автомобили.

Осумседот Mitsubishi D:5 и неговата спротивност, мини-автомобилот eK Wagon, заедно со варијантата eK X, освоија „Good Design Award“ во Јапонија. Двата модели го имаат препознатливиот изглед на носот на возилото, што Mitsubishi го нарекува „динамичен штит“. Сите модели што јапонската марка ги нуди во Европа, од Space Star до пикапот L200, исто така се одликуват со овој дизајн. Највпечатлив елемент во изгледот се украсните лајсни во форма на бумеранг и изведени со хромиран финиш.

Изборот за „Good Design“ се одржува од 1957 година и истиот ги одликува најдобрите производи во најразлични категории. Јапонските естети ги наградуваат најубавите архитектонски решенија, автомобилите, но и производи за секојдневно користење и деловни модели.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Покрај визуелните компоненти, како што се бојата и формата, се земаат предвид и процесите на производство, што не се забележуваат на прв поглед. За наградите за „Good Design 2019“ пристигнаа вкупно 4.772 номинации.

Го прочитавте нашиот тест на Mitsubishi Space Star?


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

128
18 shares, 128 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *