за

Хибриден Mitsubishi има посебна функција за е-велосипедисти

Хибриден Mitsubishi има посебна функција за е-велосипедисти
Хибриден Mitsubishi има посебна функција за е-велосипедисти

Во понудата од прибор на Mitsubishi се наоѓа носач за велосипеди, кој добива единствена и мошне корисна функција, доколку е поставен на Outlander PHEV – и доколку станува збор за електрични велосипеди. Во тој случај, батеријата на велосипедите се полни при патувањето до одредиштето.

Електричните велосипеди добиваат на популарност, особено во време кога возењето на две тркала се користи за „осигурување“ на доброто здравје во корона-кризата. Mitsubishi има еден новитет во понудата од прибор, што ќе ги заинтересира велосипедистите кои си имаат свој терен за возење. Станува збор за носач за три обични велосипеди или два електрични (и потешки) велосипеди, за чијшто квалитет нема сомневање, затоа што истите честопати минуваат дополнителни проверки пред производителите на автомобили да ги понудат во салон.

Тоа што јапонската марка го нагласува дополнително е комбинацијата од електрични велосипеди и плагин-хибриден Outlander PHEV. Во тој случај, двата прикличоци со напон од 220 волти во багажникот на големиот СУВ може да се искористат за полнење на батеријата на велосипедите. Уште подобро е доколку одредиштето е оддалечено 54 километри. Толку изнесува досегот на хибридниот Mitsubishi со полна батерија. Идеален случај би било доколку батеријата на бестселерот меѓу плагин-хибридите во Европа може да се наполни на одредиштето, за и враќањето да биде на струја, односно целата авантура да се комплетира без ниту грам СО2.

Понудата опфаќа повеќе модели на носачи за велосипеди, со вкупна носивост до 60 килограми. Постојат две серии, X и „i. Тие се мали, лесни и едноставни за користење, преклопливи се и имаат патентирана брава за заклучување. Ги имаме цените за германскиот пазар: X-серијата таму почнува од 588 евра во верзија за два, односно 709 евра за три велосипеди. Поновата серија „ie нешто поскапа и почнува од 643 евра. Со мала доплата се добива и торба за носачите. Уште една опција е шина за лизгање на велосипедот до носачот, што е корисно за потешките електрични велосипеди.

Тест: Mitsubishi Space Star 1.0 Entry

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes eq Германија за четири години субвенционирала 200k електромобили

Германија за четири години субвенционирала 200.000 електромобили

Фабриката на Jaguar Land Rover ќе остане затворена до август

Фабриката на Jaguar Land Rover ќе остане затворена до август