133
53 shares, 133 points

На пасионираните скијачи им е добро познато името Енгелберг. Тоа е скијачки центар во централна Швајцарија, кој со панорамските глетки нуди ужување за љубителите во природата, но нуди и скијачки терени кои се голем предизвик за љубителите на зимските спортови. Во таа насока се движи и замислата зад концептниот Mitsubishi Engelberg Tourer.

Големиот кросовер располага со плагин-хибриден погон, нормално на сите тркала, кој овозможува безбедно возење во сите временски услови и по секаква подлога. По пример на актуелниот Outlander PHEV, плагин-хибридниот погон во верзијата на Mitsubishi дозволува секојдневната рута да се мине само со погон на струја, додека за подолги патувања и при излети во викендите, се покажува на дело 2,4-литарскиот бензинец, со когошто патувањето е независно од мрежата од полначи.

Погонот користи онлајн-податоци за времето и теренот, за да вклучи конфигурација што одговара најдобро во моментот

Неколку „салонски“ детали во стилот на традицијата на теренците на Mitsubishi се магленките кои се поставени на интегрираниот кровенбагажник, а сосем се на место и заштитните плочи во браниците. Детали околу новитетите во погонот на сите тркала и работата на електриката во погонската спрега не се спомнуваат, но само начелно се навестува дека нови мрежни услуги за мобилност ќе обезбедат поголема самоувереност при возење во вонредни услови. Тоа главно се однесува на автоматската конфигурација на работата на погонот на сите тркала и на самиот плагин-хибрид, зависно од податоците што за временките услови, температурата, топографијата или сообраќајот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Батеријата е поставена во подот, во средината на возилото. На предната и на задната оска работи по еден електромотор. Просторната кабина дозволува вградување и на трет ред седишта. Кога ќе се исцрпи енергијата во батеријата или при посилно оптоварување, бензинецот се активира како генератор и испорачува енергија за двата електромотори. Релативно големата работна зафатнина овозможува смирена и тивка работа на моторот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Досегот на струја изнесува над 70 километри, според новиот циклус. При полн резервоар, Engelberg Tourer може да извози над 700 километри, вклучувајќи го досегот на струја. Нема потреба да се менува нешто во контролата на возната динамика AYC, како систем што созреа уште во Lancer Evo, исто како и во погонот на сите тркала S-AWC.

Eclipse Cross стартува со продажба: Сé од Mitsubishi, во едно

Mitsubishi Eclipse Cross со 80.000 продажби за една година

Хибридниот Mitsubishi Outlander надмина 20.000 продажби во Европа

Хибридниот Outlander е тивкиот шампион на Mitsubishi

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

133
53 shares, 133 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *