159
281 shares, 159 points

Mitsubishi Eclipse Cross освои признание за најдобар новодојденец во рамките на Рускиот Автомобилски Форум, што е меѓу најценетите манифестации во автомобилската бранша во земјата.

На свеченоста што се одржа во престижниот Радисон Ројал Хотел во Москва, новиот кросовер на јапонската марка победи во категоријата за најдобар нов модел што стартувал со продажба на рускиот пазар. Првите приимероци од Mitsubishi Eclipse Cross се појавија во салоните на марката во Русија во април лани.

На тамошните возачи најмногу им се допаднаат впечатливиот изглед, богатата опрема и теренските способности. Наградата за најдобар нов модел во рамките на РАФ е една од многубројните награди што ги освои Eclipse Cross лани, вклучувајќи и пет ѕвезди на краш-тестот на Euro NCAP.

Mitsubishi ужива солидно реноме меѓу руските возачи, како марка што се покажува солидно во суровите и екстремни услови во земјата

Осаму Иваба, претседател на ММЦ Русија, изјави по повод освојувањето на наградата: „Eclipse Cross освои многубројни престижни награди во повеќе земји, но ова е прва награда во Русија. Особено сме горди на водството во категоријата за најдобар нов модел на пазаротбидејќи тоа го покажува големиот интерес на Русите за овој модел, како и нивната лојалност кон марката Mitsubishi“.

Англиски дилери на Mitsubishi дизајнираат L200 по сопствена замисла

Renault, Nissan и Mitsubishi стануваат рамноправни партнери

Eclipse Cross стартува со продажба: Сé од Mitsubishi, во едно

Mitsubishi Eclipse Cross со 80.000 продажби за една година


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

159
281 shares, 159 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *