за

Прво беше бојата или колата: Mitsubishi Eclipse Cross и црвениот дијамант

mitsubishi_eclipse_cross_red_diamond
mitsubishi_eclipse_cross_red_diamond

Тоа што многумина во последно време заклучуваат дека во салоните на Mitsubishi се мошне вредни околу полирањето на каросериите или можеби користат специјална политура, секако е знак за добра способност за забележување, но е погрешен заклучок. Бојата што Mitsubishi ја нарекува црвен дијамант и ја нуди за Eclipse Cross не е „само“ боја.

Не е потребна наука да се заклучи дека на Mitsubishi им се погоди моделот Eclipse Cross. Компактното СУВ-купе ја заокружи понудата на јапонската марка, во време кога отсуствуваат теренската легенда Pajero и асфалтната легенда Evo. Но, не е дека марката не се труди дополнително да го истакне својот модел, што двои во униформноста на СУВ-каросерии како рок-гитарист на филхармониски концерт.

Забелешката се однесува на црвената боја кај Eclipse Cross, која секогаш изгледа дека свети повеќе и некако има повеќе заситен тон од останатите. Бојата се нарекува „Red Diamond“, согласно логото на марката коешто е составено од три дијаманти.

Пет слоеви боја и три фази на печење – според специјална програма, ексклузивно за Mitsubishi Eclipse Cross

Тоа вешто ни го објаснија во салонот на Mitsubishi. Станува збор за металик боја којашто е развиена посебно за Eclispe Cross и којашто има посебна процедура за нанесување. Врз стандардните три слоеви боја се нанесува полупроѕирен слој црвена боја во когошто се додадени металните честички, по што следи завршниот транспарентен слој. Значи, вкупно пет слоеви. Постапката вклучува и две дополнителни фази на печење на бојата, според специјална програма за контрола на температурата, со што се обезбедува овој впечатлив финиш.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Длабочината и заситеноста на бојата потсеќаат најмногу на Aston Martin, Lexus и слични благороднички марки. Во Mitsubishi и самите наведуваат дека тоа е најкомплицираната и најпрестижна боја што е користена во историјата на марката.

Спектаклот е во тоа што не се користи специјална боја што е развиена од гигантските добавувачи за авто-индустријата и само се нанесува во лакирницата, туку се работи за посебна постапка за обработка – кусо, специјалитет на Mitsubishi.

На најголемите пазари уште при стартот на моделот беа понудени специјални „дијамантски“ серии, кои секако дека ја вклучуваа и оваа впечатлива црвена боја, покрај екстра опремата. Во МакАуто Стар во меѓувреме пристигаат нови количини од моделот, откако за кусо време беа продадени десетина примероци од Eclipse Cross. И самото име на моделот укажува на игра со боите и светлината.

Mitsubishi Eclipse Cross со 80.000 продажби за една година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електрични автомобили субвенции германија

Германија ги субвенционира електричните автомобили со 6.000 евра

Tesla-Model-S-auto motor und sport

Tesla Model S го извозе Нирбургринг за 7:13 минути и си замина