за

Mitsubishi Eclipse Cross доби нови стилски додатоци

Mitsubishi Eclipse Cross доби нови стилски додатоци
Mitsubishi Eclipse Cross доби нови стилски додатоци

Eclipse Cross е магнет за погледите со впечатливиот спој меѓу пропорции на СУВ-модел и опаш во стил на купе. Mitsubishi сега има во понудата неколку ставки за заокружување на стилскиот настап во делот на опашот.

Mitsubishi Eclipse Cross ужива посебно место во сегментот, како спој меѓу СУВ и купе. Во друштво со Mercedes GLA, Audi Q3 Sportback и BMW X2, тој е единствен од оваа „сорта“ што не доаѓа од премиум марка, а тоа значи дека и цената е соодвeтно подостапна. Стилот е сепак тоа што ги привлекува купувачите кај овој модел. Mitsubishi досега имаше неколку специјални серии, со нагласок на стилот, како што беше при воведувањето на фамозната „црвена дијамантска боја“, којашто се нанесува во специјална процедура. Слично поглавје имаше пред неколку месеци, кога Мак Аутостар ја понуди серијата Black Sam, со неколку додатоци во каросеријата и црни бандажи.

Вообичаено за марката, на располагање стои најразличен прибор и додатоци, вклучувајќи и можност возилото да се испорача со натпис Eclipse Cross на хаубата. Сега пристигаат уште две различни стилски надградби. Едната е заштитна лајсна од благороден челик, којашто го штити браникот од гребаници при товарање на багажникот, а воедно става и стилски нагласок. Секако, производителот не пропушта на плочката да го напише името на моделот.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Втората опција се додатоците за задниот браник во стил на дифузор. Тука има избор од две изведби. Едната е во црна боја и на СУВ-купето му дава спортска нота, додека втората има изглед на благороден челик.

Mitsubishi моментно стартува со испорака на овој прибор до својата мрежа салони низ Европа. Цената за заштитната плочка изнесува 119 евра, додека додатокот за задниот браник чини 599 евра. Двете ставки заедно се достапни за 649 евра, односно тоа носи заштеда од околу десет проценти. Цените се однесуваат за германскиот пазар, засега немаме информација околу цените и достапноста на овие ставки од оригиналниот прибор во Мак Аутостар.

Eclipse Cross неодамна беше на тест во Аутомедиа, при што си поставивме дополнителна задача, да ја провериме потрошувачката на гориво само при возење во град со нормално темпо и во нормален метеж – целта беше да одговориме на прашањето, дали СУВ од оваа класа и натаму мора да вози со дизел под хаубата?

Тест: Mitsubishi Eclipse Cross 1.5 Intense 2WD

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
BMW Alpina B3

Пред пристигањето на BMW M3, има добра понуда и Alpina

Најбезбедносниот автомобил во светот со нов стил Mercedes-AMG GT R F1

Најбезбедносниот автомобил со нов стил: Mercedes-AMG GT R F1