за

Mitsubishi Eclipse Cross избран за кросовер на годината во Германија

mitsubishi eclipse cross

Традицијата е ценета вредност кај читателите на германскиот магазин за теренски возила Off Road. Како марка што има оставено печат во сите видови и форми на теренското возење, Mitsubishi годинава освои награда за најдобар кросовер со Eclipse Cross

Mitsubishi Eclipse Cross досега честопати беше присутен во содржините на Аутомедиа, но очигледно не сме грешеле. СУВ-купето со впечатлив изглед и сопствена техника на специјалистот за погон на сите тркала – меѓу другото – во периодот од јануари до октомври годинава се продал во повеќе од 25.000 примероци на европскиот пазар.

Мitsubishi Еclipse Сross наскоро стартува со продажба во Македонија

Од Мак Аутостар пристига и официјална потврда дека новиот европски бестселер на Mitsubishi, наскоро пристига и во Македонија. СУВ-купето ќе биде достапно со турбо бензинец со 163 КС, како и со дизелски мотор. Како модел што е позициониран меѓу стандардната и премиум понудата во сегментот, Eclipse Cross ќе поседува високо ниво на опрема и ставки кои обично се достапни само во престижните модели.

Mitsubishi Eclipse Cross

Секогаш кога ќе се спомне Mitsubishi, веќе со години наназад како да е задолжително да се спомне и Outlander PHEV. Крстосувачот на Јапонците е неприкосновен лидер во пазарниот сегмент на СУВ-модели со плагин-хибриден погон.

Големиот СУВ неколкупати беше усовршуван во последниве неколку години, вклучувајќи и зафати во погонската спрега, којашто сега дозволува со полна батерија да се извозат повеќе од 50 километри – пред да се вклучи бензинецот и возењето да продолжи како со „обичен“ теренец.

Читателите на германскиот Off Road ценат дека Outlander PHEV е најдобар во категоријата на модели со алтернативен погон.

Mitsubishi Eclipse Cross во служба на италијанската полиција

Mitsubishi Eclipse Cross на тест во магазинот Ауто Билд

Хибридниот Outlander е тивкиот шампион на Mitsubishi

Mitsubishi Outlander PHEV е најпродаван плагин-хибрид на европскиот пазар

[FAG id=33835]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

кина надзор електрични автомобили

Кинеската влада ги следи електричните автомобили

audi, монтажа алжир

Audi станува домашна марка автомобили во Алжир