за

Mitsubishi Eclipse Cross со 80.000 продажби за една година

Mitsubishi Eclipse Cross

За една година, СУВ-купето на Mitsubishi се продаде во повеќе од 80.000 примероци. За новата моделска година следат неколку екстра ставки во опременоста на Mitsubishi Eclipse Cross

Mitsubishi сигурно знае каде да погоди, кога треба да се отвори нов сегмент на пазарот. Спојот на функционалност и габарити на СУВ со силуета на купе привлече голем интерес на пазарот. По лансирањето во Европа, Јапонија и САД во почетокот на 2018 година, Mitsubishi Eclipse Cross веќе ја надмина бројката од 80.000 продадени примероци.

Продажбата на СУВ-купето на Mitsubishi по региони лани
  • Европа: 33.287 примероци
  • Северна Америка: 14.026 примероци
  • Австралија/Нов Зеланд: 9.332 примероци
  • Јапонија: 11.592 примероци
  • Останати: 11.877 примероци

Во анкетата на купувачите, дизајнот најчесто бил наведен како главна причина за купувањето на СУВ-купето од компактната класа. За одбележување на успешниот старт, Mitsubishi ќе понуди специјална серија „Black Edition“ во ограничен број примероци. Се збогатува и опременоста во одделните нивоа, меѓу другото со воспоставување интернет врска, нов дизајн на бандажи и сина боја со бисерен ефект, којашто ќе биде достапна за сите нивоа на опрема.

Јапонските автомобилски новинари го избраа Mitsubishi Eclipse Cross за автомобил на годината

На конференцијата на јапонски автомобилски новинари, Mitsubishi Eclipse Cross беше избран и за автомобил на 2019 година. Жирито посебно ги ценеше остриот изглед, одличните перформанси и балансираните возни својства.

mitsubishi eclipse cross

Мак Аутостар најави почеток на продажба на Mitsubishi Eclipse Cross годинава. Ние обично сме нестрпливи и погледнавме во соседството, кај Бугарите. На тамошниот пазар, верзијата на СУВ-купето со 1,5-литарски турбо бензинец со 163 КС и основно ниво на опрема Inform чини 44.900 лева, односно околу 23.000 евра. Топ-изведбата со погон на сите тркала и безстепен менувач, во ценовникот за бугарскиот пазар фигурира со 66.480 лева или околу 34.000 евра. Изненадувањата од нашиот увозник не се исклучени.

Mitsubishi Eclipse Cross избран за кросовер на годината во Германија

Mitsubishi Eclipse Cross во служба на италијанската полиција

Mitsubishi Eclipse Cross на тест во магазинот Ауто Билд

Најсветскиот модел на Mitsubishi: Нов L200 стартува во 150 земји

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

hyundai загуба

Заработката на Hyundai намалена за 63,8 проценти?!

suzuki задоволни сопственици

Британските возачи најзадоволни од Suzuki